19 Декември, 2025
0.0411

Занаетчиската комора не сака покачување на минималната плата

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2021 13:31

Добивај вести на Viber

Во услови на криза настаната поради епидемијата со  Covid-19 занаетчискиот сектор се соочува со многу предизвици. Занаетчиите се соочуваат со намалена побарувачка на занаетчиските производи и услуги, проблеми со одржување на ликвидноста на бизнисот, недостаток на финансии за  исплата на плати и придонеси за вработените,  преоптовареност со парафискални давачки како и сивата економија како нелојална конкуренција на легалниот бизнис.

Дополнително уште еден товар за занаетчиите претставува најавувањето  за покачување на минималната плата поради тоа што со покачување на минималната плата ќе се зголемат и трошоците по основ придонеси.

Голем дел од занаетчиите и сега имаат проблем со ликвидноста и имаат проблем со плаќањето на придонесите, што може да доведе до бришење на голем број занаетчиски бизниси.

Како мерка која се покажа дека е неопходна за многу занаетчиски бизниси да опстанат во услови на економска криза е мерката за финансиска подршка за плата за самостојните вршители на дејност и вработените во занаетчискиот сектор. Безфинансиска подршка за плата многу занаетчии ќе останат без финансии и нема да бидат во можност да ги одржат бизнисите активни во наредниот период и да ги задржат вработените.

Претседателот на Занаетчиската комора Скопје - Горан Ристовски, истакна дека сите занаетчиски дејности имаат проблеми во функционирањето, падот на побарувачката на занаетчиски производи и услуги е драстичен а со тоа  се јавуваат и финансиски проблеми кај занаетчиите како да го одржат бизнисот ликвиден, и да ги исплатат тековните трошоци: закуп, тековни трошоци за струја, вода, плати за вработени и други трошоци.

Покачувањето на репроматеријалите и порастот на останатите тековните трошоци дополнително го отежнува нашето работење, а покачувањето на минималната плата ќе доведе до отпуштање на вработени и затварање на занаетчиски бизниси истакна Претседателот на Занаетчиската комора Скопје -Горан Ристовски.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии