Запален е Центар за вакцинација во Италија
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Април, 2021
Центар за вакцинација во Берша, во Италија е запален. Избувнал пожар, но нема повредени. Направена е материјална штета, но не е оштетен делот каде се наоѓа медицинскиот материјал.
Непознати лица утрово фрлиле два молотови коктели и делумно го оштетиле центарот за вакцинација, шатор поставен во центарот на градот за имунизација и тестирање на коронавирус, јави весникот „Ил Фато Котидијано“. Засега не е позната причината за нападот.
Пред две седмици имаше сличен напад на влезот во Вишиот институт за здравство во Рим, институција што ги анализира епидемиолошките мерки и дава упатства за заштита. Италија пред неколку недели надмина 100.000 жртви од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.