20 Декември, 2025
0.0608

Нов закон: Запленетите фалсификувани патики, маици, чанти ќе се подаруваат на сиромашните!

Објавено во: Економија 31 Март, 2013 08:45

Добивај вести на Viber

Според најновите измени на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, Царината, фалсификат стоката, наместо да ја уништи, бесплатно ќе може да и ја подари на некоја државна институција, која потоа сама ќе одлучи за кои цели ќе ја користи, а најчесто тоа ќе биде подарување на социјално ранливи категории граѓани. Измените предвидуваат и строги парични казни за лицата кои ќе се обидат да пренесат фалсификат стока. Наместо да ја уништува на Дрисла или во Макстил, како што досега беше пракса, запленетата фалсификат стока, Царината ќе може бесплатно да и ја подари на некоја државна институција. Ова е предвидено со најновите измени на Законот за царински мерки за заштита на права од интелектуална сопственост, кои се веќе доставени до Собранието. Можноста за подарување на стоката ќе мора да следи по претходна согласност од носителот на трговската марка, или неговиот застапник. „Тоа значи дека ако запленетата стока  е фалсификат на Адидас, на пример, ќе се побара дозвола од компанијата или од нејзиниот застапник дали може од истата да се извадат етикетите за да може во понатамошниот процес да биде употреблива, односно најверојатно ќе биде подарена на Министерството за Труд и социјална политика од каде понатаму ќе се дели на ранливите групи граѓани. Претходно таа стока мораше да се уништи, но ова е добра можност истата да биде искористена“, објаснуваат од Царинската управа. Новините ќе имаат финансиски импликации врз Буџетот заради тоа што ќе треба да се плаќа лежарина на фалсификуваната стока но и поради трошоците за отстранување на трговските марки од стоката која подоцна ќе се подарува. Казна и до 2.000 евра за фалсификаторите на брендирана стока Ако до сега уништувањето на пиратската стока беше единствената казна за фалсификаторите, со најновите измени на Законот се предвидуваат строги парични казни за лицата кои ќе се обидат да внесат или изнесат од земјава фалсификувана стока. Од 2.000 до 5.000 eвра за правно лице и од 500 до 1.000 eвра за физичко лице, ако внесе, пушти во промет или изнесе стока за која е утврдено дека е фалсификат. Само лани, Царинската управа открила 119 случаи на сомневање за повреда на правото на интелектуална сопственост при што привремено биле задржани 340 илјади парчиња козметички и текстилни производи, енергетски пијалоци, техничка стока, обувки и слично, од кои поголемиот дел, лани, при крај на годината беа уништени во кругот на фабриката Фени Индустри во Кавадарци. Според поците на Царината, спортската опрема од најк, адидас и пума се меѓу најфалсификуваните марки кои стигнуваат во Македонија а најчесто се со потекло од Кина, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Бугарија. С.Н

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба