18 Април, 2025
0.0277

Започна првата ПроКредит бизнис академија – претприемачите ја поминаа првата обука на тема „Интерно претприемништво“

Објавено во: Мои пари 10 Април, 2025 14:24

Добивај вести на Viber

Во периодот од 8 до 10 април, вкупно 90 претприемачи поделени во три групи ја започнаа својата едукација во рамки на ПроКредит бизнис академијата, едукативна програма наменета за поддршка на микро и малите бизниси во нивниот раст и развој. Ова е првпат да се организира настан од ваков вид во нашата земја, со единствена цел, поддршка на локалната бизнис заедница и создавање структуирана платформа за нефинансиска едукација и вмрежување на бизнисите.

Првиот модул, посветен на темата „Интерно претприемништво“, беше реализиран под менторство на Сандра Савановиќ-Стевановиќ – партнер и директор на белградската подружница на консултантската компанија Alphabet Group, со повеќе од 25 години искуство како бизнис тренер и консултант за деловен развој и стратешко планирање. Таа зад себе има повеќе од 3.500 обучени претприемачи, 1.000 компании и импозантно меѓународно искуство од работа во повеќе од 20 земји на 4 континенти.

„Многу е важно претприемачите да развијат начин на размислување кој постојано бара повеќе можностиза подобрување и иновација – не само надворешно, туку и интерно во сопствената организација. Интерното претприемништво е клучна алатка за секој бизнис што сака да расте и да се прилагодува на брзиот пазарен развој,“ истакна Сандра Савановиќ-Стевановиќ.

Ова е концепт кој станува сè поважен во современото работење и кој има за цел да поттикне претприемачки начин на размислување како и развој на иновативни идеи внатре во организацијата, не само кај сопствениците на  бизниси, туку и во интерниот тим.

Во текот на овие три дена, преку интерактивни сесии и практични примери, учесниците имаа можност детално да се запознаат со програмата на овој модул и да работат на:

- развивање на претприемачки начин на размислување во компанијата,

- техники за генерирање иновативни идеи за развој на бизнисот,

- препознавање на можности за раст и решенија кои создаваат вредност за клиентите и компанијата,

- стратегии за проценка и управување со ризици кај новите иницијативи,

- подобрување на тимската соработка и динамика.

„Со оваа иницијатива одиме чекор понапред како финансиска институција која нуди многу повеќе од банкарски услуги. Како долгогодишни поддржувачи на храбрите претприемачи, континуирано вложуваме во знаење, развој и долгорочна одржливост на локалната бизнис заедница, бидејќи нашата мисија е да бидеме партнер кој постојано креира вредност и нови можности. Среќни сме што ПроКредит бизнис академијата е препознаена од претприемачите како корисна платформа за едукација, надградување, вмрежување и размена на искуства, каде преку иновативен пристап, интерактивни обуки и програми за развој овозможуваме поддршка во нивниот личен раст и во растот на нивните бизниси,“ истакнуваат од ПроКредит Банка. 

Во периодот од април до октомври 2025 година во Управната зграда на ПроКредит Банка во Скопје ќе се одржуваат предавања со различни ментори во вкупно пет различни модули. По завршување на предавањата на учесниците ќе им бидат доделени сертификати. 

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери