Започна уривањето дивоградби во Охрид
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2019
Фото: Само Прашај
Во Охрид денеска започна уривањето на првата дивоградба, а според претходните најави на градоначалникот Константин Георгиевски и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, низата треба да продолжи и во останатите делови од градот, односно онаму каде што тоа е изводливо.
Станува збор за претходно издадено решение за уривање на куќа во Горна Влашка маала, каде што неодамна беа приведени работници кои продолжија со градење иако просторот бешпе ограден од страна на инспекцијата. Работници со полициска придружба утрово започнале со уривањето, објави А1он.
Неофицијално, градбата е во сопственост на Абдула Фетије, која во моментов не е присутна на самото место. Инаку Охрид е рекордер по број на дивоградби, кои ги има повеќе од илјада на број и голем дел од нив треба да се отстранат по препорака на УНЕСКО.