ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ОБИКОЛНИЦАТА КАЈ КРИВА ПАЛАНКА: Николоски во детали за активностите на терен
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2025 13:55
Се работи на обиколницата на Крива Паланка што е последниот дел со поврзување со Бугарија. Работиме и на реконструкција на граничниот премин Деве Баир нешто што интензивно се работи во прва фаза, а ќе има и втора фаза, објасни вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој одговараше на новинарско прашање за инвестициите на нашата земја во патната инфраструктура и изградбата на Коридорите 8 и 10Д.
- Се надевам дека оваа активност што ја имаме кон соседна Бугарија ќе биде следена со слична активност од нивна страна.
Бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт, кога го потпишавме договорот за Железницата на Коридот 8 најави дека ќе работат на автопатско решение кое треба да доаѓа кон Деве Баир.
Тоа мислам дека е многу значајно, би се скратило сериозно патувањето помеѓу Скопје и Софија, а знаете дека веќе го пуштивме во функција експресниот пат, којшто е од Страцин до Крива Паланка - вели Николоски.
Тој додаде дека во моментов се работи на решение за делот од Романовце, кој е излезот од Куманово до Страцин.
- Тоа решение го работиме заедно со Европската унија, во рамки на Планот за раст и се надевам дека заедно ќе успееме со ЕУ и средствата коишто ги имаме во рамки на Планот за раст ќе го реализираме ова решение.
Од Куманово до Скопје веќе имаме автопат, понатаму обиколницата на Скопје, којашто за жал не е во добра состојба. Планираме и таму реконструкција во скоро време и во западниот дел од Коридор 8 интензивно се работи на автопатско решение од Тетово до Гостивар, Гостивар до Букојчани или популарната Стража, каде што веќе се пробиени првите 17 километри - рече Николоски.
Тој додаде дека се работи и на спојката на двата автопати од Букојчани до Кичево, а за овој дел од автопатот веќе има понуди од градежни компании, коишто се во рамки на евалуација.
- Овој проект ќе го работиме заедно со Европската банка за обнова и развој. Се надевам дека до јануари ќе избереме изведувач и веќе зависно од временските услови март-април ќе биде воведен во работа изведувачот и останува делот, којшто оди од Кичево до Охрид.
Првите 37 километри се завршени, од коишто 34 се во функција. Очекувам прва половина на декември да ставиме нови километри во функција, ќе ве поканиме сите и до крајот на следната годината, какошто реков да го завршиме целиот автопат - потенцира Николски.
Министерот за транспорт информираше и дека во процес на евалуација, односно на избор на изведувач има и за автопатот којшто треба да оди од Скопје до Блаце, а којшто ќе не поврзе со Косово.
- Што се однесува пак до Коридорот 10 или Е-75, тука е и Коридорот 10Д, којшто од Скопје- Велес –Градско-Прилеп-Битола надолу се спушта Лерин и излегува на Атина.
Тука од грчка страна има сериозни активности, а од наша страна се работи на најголемиот автопат којшто било кога во Македонија е изведен како една делница, а тоа е автопатот од Прилеп до Битола, којшто е во должина од 40 километри и еве да најавам дека сериозно работиме во делот што е од Прилеп до Фариш, да го решиме и тука да имаме експресен пат или автопат, а од Фариш до Дреново, до Градско веќе го пуштивме во првата половина од годината, како експресен пат - подвлече Николоски.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




