20 Декември, 2025
0.0406

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Објавено во: Мои пари 08 Мај, 2023 17:04

Добивај вести на Viber

Од денеска, 8 мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски продукти, кој Банката, трета година по ред, го организира во соработка со своите партнери Сава Осигурување, Триглав Осигурување Живот, Кроација Осигурување Живот, Генерали Инвестмент и Сава Пензиско Друштво.

Караванот има за цел да им овозможи на клиентите подобра информираност,советување и едукација за осигурителните продуктиво делот на животно и неживотно осигурување, производи за инвестициско осигурување на живот и удели од инвестициски фондови, како ида ја зголеми свесноста кај клиентите за значењето на капиталното финансирано пензиско осигурување и придобивките од доброволниот пензиски фонд.

Во текот на караванот, пред повеќе експозитури на НЛБ Банка низ земјава ќе бидат поставени штандови каде клиентите ќе можат да добијат стручен финансиски консалтинг, нои да ги искористат промотивните поволности на осигурителните партнери на Банката.

Локациите и времето на одржување на промотивните активности за време на караванот за финансиско советување може да ги најдете на социјалните мрежи на НЛБ Банка и друштвата за осигурување. Распоредот на караванот е достапен он-лајн и истиот можете да го погледнетеТУКА.

НЛБ Банка е водечка банкарска институција која следејќи ја својата стратегија за сеопфатни финансиски услуги, постојано го унапредува портфолиото на производи и услуги, овозможувајќи им на клиентите понуда на банкарски и небанкарски производи на едно место. Банката овозможува и советување, консултација и едукација на клиентите при носење на нивните финансиски одлуки, оптимално управување со средствата за задоволување на нивните моментални финансиски потреби и идеална финансиска стабилност со цел поквалитетен и подобар живот за нив.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии