20 Декември, 2025
0.0803

Започнува осмиот француски филмски фестивал

Објавено во: Мои пари, Македонија 16 Јуни, 2015 18:19

Добивај вести на Viber

Утре со филмот „„Борци“ (2014) на режисерот Тома Каје, во кино „Милениум“, во ГТЦ  ќе се отвори осмиот по ред француски филмски фестивал.Овој фестивал се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје, а со поддршка на Министерството за култура на Македонија, Регионот на Долна Нормандија, Охридска банка-Сосиете Женерал, Публицис, оркестарот F.A.M.E.S, Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија, Националната агенција за филм, Публицис, Градот Охрид, Центарот за култура во Охрид и Пежо. Фестивалот ќе трае до 17-ти до 20-ти јуни, а програмата како и претходните неколку години ќе биде поделена во два града и тоа од 17-ти до 19-ти јуни во Скопје и на 20-ти јуни свеченото затворање ќе се одржи во Охрид. Предвидено е  да се прикажат 8 долгометражни филма, а фестивалските денови ќе бидат свечено затворени во Охрид со проекција на филмот „Семејството Белие“(2014) филмско остварување на режисерот Ерик Лартиго. И оваа година љубителите на седмата уметност ќе можат да ги погледнат најновите остварувања од француската кинематографија и да бидат дел од средбите и дискусиите со годинешните гости-учесници на филмските остварувања и тоа: Г-ѓа Ањес Сорал (актерка),  добитничка на почесната награда Златна маска на фестивалот, Г-ѓа Дијан Руксел (актерка), Г-дин Антоан Лоран (актер), Г-дин Фред Корсјал (композитор), Г-дин БрисДаволи (композитор), Г-ѓа Одре Бијар, член на асооцијацијата ОФФ од Трувил и Г-дин Ален Мајор (продуцент). Осмото издание на овој веќе реномиран фестивал е со изменет и збогатен  концепт, чија цел ќе биде професионалното претставување и поврзување на македонските и француските професионалци од филмската индустрија, како и нивно вмрежување за искористување на можностите од взаемната соработка. Посебен акцент ќе се стави годинава и на дигиталните уметности, и тоа на тема филм и аудиовизуелни уметности преку организирање на работилници за дигитални уметности со цел изработка на мини-видеа со мобилни телефони (во соработка со македонските асоцијации). Францускиот филмски фестивал претставува престижна француско-македонска манифестација и е значајна за македонската кинематографија, бидејќи дава можност да се зацврстат темелите на идната соработка меѓу францускиот и македонскиот филм, да се отворат нови можности за размена на уметници, продуценти, режисери, размена  на искуства со земја која претставува лидер во европската кинематографија.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии