15 Декември, 2025
0.0528

Започнува со работа Тренинг центарот на Македонска берза

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2012 12:42

Добивај вести на Viber

На 18 октомври 2012 година ќе биде организирана првата обука во рамките  на Тренинг центарот на Македонска берза со што ќе се означи и официјалниот почеток на работата на овој Тренинг центар, проект реализиран со поддршка од Европската банка за обнова и развој, а во соработка со консултанти од конзорциумот на Виенската берза „CAPMEX“. Основната мисија на Тренинг центарот на Македонска берза е овозможување на континуирана и висококвалитетна едукација на сите пазарни учесници, имајќи предвид дека тоа е еден од најважните предуслови за понатамошен развој на македонскиот пазар на хартии од вредност. Во рамките на наставната програма на Тренинг центарот иницијално ќе бидат опфатени 7 теми на обуки: Принципи на пазарите на капитал, Планирање на лични финансии, Инвестициско банкарство, Корпоративно финансирање, Објавување на информации и односи со инвеститори, Анализа на финансиски извештаи и Фјучерси и опции. Секоја од обуките содржи најмалку 4, а најмногу 8 модули, при што содржината на модулите е креирана на начин што нуди можност за нејзино прилагодување огласно профилот на посетители на обуките. Предавачи ќе бидат истакнати домашни експерти од областа на финансиите и пазарот на хартии од вредност кои преку теретски и практични примери ќе им помогнат на посетителите на обуките полесно да ја разберат предметната проблематика и полесно да ги донесат своите деловни и инвестициски одлуки.  

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија