19 Април, 2024
0.0251

Запознајте го Draycott – луксузниот еко хотел

Објавено во: Стил 22 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Неодамна Draycott – луксузен хотел со пет ѕвездички кој се наоѓа во Лондон, ги зголеми напорите да се стане повеќе од  еколошки бутик хотел во британската престолнина. Меѓу иницијативите на Draycott кој е  комбинација на елеганција  и шармот на британската престолнина, подвлечени од чудесната локација на зградата, е и  "Keen To Be Green" - програма која им нуди на гостите одлична можност да се вклучат во обиколка на градот со ограничено одвојување на јаглерод диоксид . Иницијативата на сопствениците вклучува специјално избрани правци за прошетка, возење велосипед или користење на градски транспорт. Покрај тоа хотелот нуди зелени патувања или патувања без Водич, при кои на учесниците им се делат картички со маршрута за прошетка или такви  за возење на велосипед. Инаку во хотелот има 35 апартмани, а повеќето од нив имаат свој камин и поглед кон убава градина. Во секоја соба во Draycott има посебни канти за рециклирање, кои се спојуваат и се едвај забележителни. Во согласност со програмата хотелот помина целосно на рециклирана хартија и ја намали нејзината  употреба со повеќе од 30%. Благодарение на напорите Draycott доби златен медал на програмата " Зелен туризам" во Лондон како пример за добри еколошки практики применувани  цело време, пишува Trend Luxury . Покрај тоа хотелот се здоби со награда за " Хотел на годината" и " Еко хотел на годината" , благодарение на тоа што бара еколошки решенија . Во прилог на тоа, тој може да се пофали со љубезен персонал. Во 16 часот на гостите им се  нуди бесплатен чај и домашни колачиња , во 18 часот - шампањ , а во 21:30 часот се сервира топло чоколадо во салон за гости. Посетителите можат да се почестат и со традиционални англиски колачи .

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган