26 Април, 2024
0.0260

Запознајте го најсиромашниот претседател на светот!

Објавено во: Стил 23 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

На политичарите често им се префрла за нивниот лусузен живот, но тоа не важи за Уругвај. Уругвајскиот претседател Хозе Мухика живее на трошна фарма и раздава најголем дел од својата плата. Само двајца полицајци и едно куче со три нозе го чуваат шефот на уругвајската држава, кој наместо во луксузната претседателска вила, избрал да живее на малата фарма на неговата сопруга. Животниот стил на Мухика се разликува од оној на повеќето светски лидери. Претседателот и неговата сопруга заедно ја обработуваат фармата и одгледуваат цвеќиња. Истовремено, уругвајскиот претседател донира во добротворни цели 90% од својата месечна плата која изнесува 12 илјади долари. Се ова на Мухика му го донесе имиџот на најсиромашен претседател во светот. „Јас жиевам вака речиси целиот свој живот. Можам сосема добро да живеам со она што го имам“, вели тој. Мухика ни по изглед не наликува на обичните политичари. Фотографијата на уругвајскиот претседател во опуштено издание, покрај потпретседателот и министерот за финансии, на официјална церемонија во Монтевидео го обиколи светот. Во својот годишен извештај за имотната состојба за 2010-та година, документ кој задолжителено го поднесуваат сите уругвајски функционери, Мухика навел дека неговиот имот вреди 1.800 американски долари. Сепак годинава додал и половина од имотот на својата сопруга - земјиште, трактори и куќа, со што вредноста на имотот му се искачила на 215 илјади долари.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти