Добивај вести на Viber
Замислете ги хоризонтите на два од водечките градови во светот: Њујорк со неговите исконски облакодери и уникатната архитектура на хоризонтот во Лондон. Кој ги поседува овие места? Во минатото тоа често беа влади, институции, хеџ фондови, а сега се почесто се најбогатите луѓе во светот, пишува Business Insider .
Без разлика дали станува збор за станови или за деловен простор , милијардерите издвоија поголем дел од инвестициите за имот - особено во места кои се сметаат за сигурни прибежишта , какви што се Лондон и Њујорк . Според податоци на Wealth -X милијардерите во светот во моментов држат 2,6 % во имот наспроти 1,9 % во деновите пред кредитниот колапс во 2007 година.
Постојат два главни фактори за ова. Обично недвижностите се продаваат поволно и имаат потенцијал за атрактивно враќање . Често тие се избираат поради можноста да послужат за „азил“ на состојбата на богаташите , тврди претседателот на Wealth -X, Дејвид Фридман .
Лондон е особено атрактивен за мега- богаташите . За првпат по децении Војводата на Вестминстер не е најголемиот сопственик на имот во британската престолнина. Средствата имаат во вредност од 10,7 милијарди долари , а 6 милијарди долари , или 56% од нив , се во форма на удели во Grosvenor Estates . Оваа година тој е поместен од лидерската позиција од Кинезот, Ванг Џиенлин . Иако неговата состојба е малку помала - 10,2 милијарди долари , Ванг инвестирал 97% од своите средства во бизнис со недвижности .
Оваа година тој плати 1,1 милијарди долари за проектот One Nine Elms во Јансарт. Ванг планира да создаде комплекс кој содржи луксузен хотел со пет ѕвездички на 62 спрата и 436 приватни резиденции .
Друг од големите имотни магнати во Лондон е Хенри Чен Кар - Шун од Хонг Конг - претседател на New World Family. Минатата година тој потпиша договор за регенерација на огромен регион околу „О2“ во Лондон и инвестира во луксузен комплекс .
Џозеф Лау, друг жител на Хонг Конг со лично богатство за 7,3 милијарди долари , управува со Chinese Estate Group . Пред две години тој ја зеде лондонската централа на американската банка Goldman Sachs за 280 милиони фунти.
Во Њујорк , пак, градителот и сопственик на имот под наем Ричард Лефрак е официјално најголемиот имотен магнат во градот. Неговото лично богатство се проценува на 4,9 милијарди долари. Тој поседува комплекс од 5 000 стана „LeFrak City“ во Квинс и бизнис , станбени и комерцијални недвижности во регионот со вкупна површина од 1,5 милиони квадратни метри.
Друг голем играч е Ленард Стерн - претседател и извршен директор на Hartz Group . Состојбата се цени на 4,1 милијарди долари . Фирмата во моментов поседува бизнис имот и куќи со површина од над 3,5 милиони квадратни метри во Њујорк , Њу Џерси и Чикаго . Милијардерите Шелдон Солоу , Доналд Трамп и Стивен Рот исто така поседуваат прва класа имот во градот.
Само времето ќе покаже дали манијата на купување и изградба на луксузни имот меѓу ултрабогатите ќе помине. Постојат голем број предизвици , како што се новите правила за оданочување на добивката од продажба на имот во Велика Британија . Њујорк, исто така се соочува со некои пречки . Изградба на многу високи згради таму исто така се соочува со голем број на ограничувања .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: