19 Декември, 2025
0.0737

Заработија милиони евра за три месеци! Кои се најуспешните македонски фирми?

Објавено во: Економија 11 Мај, 2022 07:41

Добивај вести на Viber

Најголемите компании чии акции котираат на берзата со своите финансиски извештаи ги охрабрија инвеститорите на домашниот пазар на капитал. Акциите на големите банки и понатаму ќе бидат вложување број еден исто како и фармацевтските акции и тие на големите трговци со нафта. Добри резултати има телекомуникациската услужна индустрија, челичната индустрија, по традиција и најголемата компанија за вадење мермер

Банкарство, фармација, трговија со нафтени деривати, телекомуникации, производство на челик и вадење мермер, ова се најпрофитабилните бизниси во Македонија во првите три месеци годинава, според официјалните податоци кои ги објави компаниите чии акции котираат на Македонската берза за хартии од вредност.

Во најуспешните 15 бизниси се уште производителите на храна, земјоделски производи, масло за јадење и производството на кондиторски производи.

Анализата на „Фактор“ во која се обработени повеќе од 70 компани чии акции котираат на Официјалниот пазар на берзата кои се од различни дејности покажуваат убедлива доминација во профитите особено на банкарскиот сектор. Со задоволство констатираме дека и во вакви тешки економски услови предизвикани од енергетската криза и од логистичките потешкотии кои произлегоа од корона кризата, а беа засилени со зголемените цени на енергенсите нашите големи извозно-ориентирани производствени компании од областа на фармацијата и производство на челик бележат одлични резултати.

Според остварените добивки за првите 90 дена годинава банките остануваат неприкосновени лидери. Трите најуспешни компани се трите најголеми односно системски банки. Во најуспешните десет компании се двата големи трговци со нафтени деривати, македонскиот фармацевтски гигант, големиот производител на челик, најголемата телекомуникациска компанија, најголемата домашна земјоделска компанија и најголемата компанија за експлоатација на мермер.

Од најуспешните десет компании три се доминантно извозно ориентирани, а другите седум вклучувајќи ги и трите банки се фокусирани на македонскиот пазар.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба