ЗАРАЗАТА ДОЖИВУВА „ЕКСПЛОЗИЈА“: Во оваа земја има рекордни 20.341 заразен со ковид
Објавено во: Свет, Корона Вирус 03 Април, 2021
Ширењето на коронавирусот зема замав во Украина.
Во оваа земја е регистриран рекорден број на нови заразени. За 24 часа во Украина се регистрирани 20.341 заразен, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата. Ова го кажа министерот за здравство Максим Степанов. Од вирусот починале 396 луѓе за едно деноноќие. Примени во болница се 5.186 лица. Од почетокот на пандемијата, во Украина биле заразени 1.731.971 лице, од кои 34.075 ја изгубиле битката со вирусот.
За 24 часа во светот со коронавирус се заразиле 659.000 луѓе. Oвој податок синоќа го објави Светската здравствена организација (СЗО). Најголем број случаи имало во Европа – 41 процент (275.728 случаи). СЗО деновиве констатираше и дека Европа бавно се вакцинира. foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.