ЗАСЕДА ВО ГАЗА: Палестинците убија најмалку девет израелски војници
Објавено во: Свет 13 Декември, 2023 15:51
Во заседа во Газa, Палестинците убиja најмалку девет израелски војници.
Палестинските милитанти ги нападнаа израелските војници во густа населба во Газа, убивајќи најмалку девет од нив, објавија медиумите денеска, додека Хамас пружа силен отпор во областите што Израел ги изолираше и ги напаѓа со воздушни удари повеќе од девет седмици.
Армиското радио соопшти дека војниците кои вчера пребарувале група згради во Шијаџија ја изгубиле комуникацијата со четворица војници кои биле под оган. Тоа предизвика страв од можно киднапирање. Кога другите војници почнале спасувачка операција, Палестинците ги нападнале од заседа.
Меѓу деветте загинати се и полковникот Ицак Бен Басат (44), највисокиот офицер што е убиен во копнената операција, и потполковник Томер Гринберг, командант на баталјон.
Армијата ја потврди смртта, но не одговори на барањето за дополнителни коментари. Неколку израелски медиуми објавија слични извештаи за битката.
Досега загинаа најмалку 18.400 Палестинци, главно цивили, од нападот на Хамас на 7 октомври на Израел. Речиси 85 отсто од населението на Газа од 2,3 милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден постојано го повика Израел да преземе поголеми мерки за да ги поштеди палестинските цивили.
Шефот на израелсдката дипломатија Ели Коен денеска изјави дека неговата земја ќе ја продолжи војната со или без меѓународна поддршка, јави Скај Њуз. Прекинот на огнот, смета Коен, би бил „подарок за Хамас“.
Неколку лидери на Хамас го напуштиле Катар и заминале на непозната локација, пишува весникот Jerusalem Post . Се вели дека ги исклучиле мобилните телефони или едноставно не одговараат на повиците.
foto EPA-EFE/ATEF SAFADI
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




