Засилена граничната контрола на Кипар-спречен обид за изнесување на големи суми пари
Објавено во: Свет 01 Април, 2013 12:44
Контролата на своите граници ја засили Кипарската полиција за да го спречи изнесувањето поголеми суми пари над утвредените количества.
Граничарите ги проверуваат коферите и личните предмети на лицата кои ја напуштаат островската држава, соопшти британскиот весник „Фајненшел тајмс“.
Според информации на весникот, најмалку три лица биле задржани при обид да изнесат од земјата повеќе од одобрените 200.000 евра по човек.
-Парите се конфискувани, а прекршителите се на распит, забележува „Фајненшел тајмс“.
Весникот го цитира рускиот бизнисмен Сергеј Туленев, кој соопшти дека на денот на воведувањето на капиталната контрола во Кипар му се обратиле Кипарци со предлог да му пренесат над милион евра од речиси фалираните национални банки во постабилни финансиски институции.
-Вакво префрлање на средства е незаконско според актуелните правила и затоа лицето кое се обиде, ми побара провизија од 200.000 евра. Го одбив, раскажува бизнисменот.
-Сега забележуваме сомнително движење на капитал од Кипар, посочува високо позициониран претставник на еврозоната, учесник во преговорите со кипарските власти.
Според податоци на „Фајненшел тајмс“ од јуни 2012 година вкупниот износ на депозити, сопственост на граѓани на други земји од еврозоната, во банкарскиот систем на Кипар се намалил за 41 проценти, до 3,9 милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




