28 Септември, 2024
0.0363

ЗАТВОРЕНИКОТ КОЈ ИЗБЕГА: Извршил убиство во Мала Речица и побегнал во Германија

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Затвореникот Беким Мемети на возраст од 36 години кој синоќа рани затворски полицаец на пат кон болница и избега, бил осуден на затворска казна за убиство извршено во 2016 година во тетовска Мала Речица, открива Телма.

Мемети првично е осуден во отсуство, а во 2020 година бил уапсен во Берлин во Германија по што бил екстрадиран во земјава. Тогаш му била повторена постапката во суд и повторно е осуден на долгогодишна затворска казна. Во септември 2016 година на улица 188 во Мала Речица имало расправија помеѓу две групи при што едно лице загинало, за што бил обвинет и осуден Мемети, кој сега повторно е во бегство.

„Во пресметката учествувале А.Б. (33) и Б.М. (30) од една страна и Х.М. (37), М. Х. (34) и Х.К. (39) сите од Тетово. Б.М. со огнено оружје почнал да пука кон Х.М., М.Х. и Х.К. Х.М. починал на самото место, а Х.К. и М.Х. добиле прострелни рани. Телото на починатиот е предадено на обдукција. Тетовската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведено е во тогашниот полициски билтен.

Мемети беше најден во Германија, а синоќа во чудни околности успеа да избега од комбе на затворската полиција на пат кон болница.

Мемети успеал да го земе пиштолот од возачот на комбето покрај уште тројца затворски полицајци, да го рани затворскиот чувар со неговото службено оружје и да избега со автомобил кој бил во близина на местото на инцидентот.

Можеби ќе ве интересира

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД