15 Декември, 2025
0.0294

Затворот во Идризово изгледа подобро од која било државна болница низ Македонија: Нова уметничка креација која го разубавува амбиентот

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2025 18:31

Добивај вести на Viber

Иако затворот во Идризово со години се соочува со недостиг од кадар и пренатрупани капацитети, таму деновиве се случува нешто што ретко може да се види дури и во многу државни институции. 

Вработените, заедно со осудениците, вложуваат труд и креативност за да го разубават просторот и да создадат подобра атмосфера за сите што престојуваат таму.

Во рамките на Казнено-поправниот дом, местото за средби на осудениците со нивните семејства – т.н. „Видувална“ – доби сосема нов лик. Старите слики на ѕидовите, кои стоеле таму повеќе од две децении, беа реставрирани и заштитени со лак, а неколкумина осуденици насликаа нови, уметнички дела со позитивни мотиви. Просторот денес изгледа далеку потопло и пријателски, што е особено важно за децата кои доаѓаат да ги видат своите родители.

Дополнително, благодарение на донација од Советот на Европа, во „Видувалната“ е поставено и ново детско катче, наменето за најмладите посетители – место каде тие ќе можат да се чувствуваат безбедно и пријатно додека ги поминуваат тие драгоцени моменти со своите родители, пишува „Женски магазин“.

„Честитки до директорот на затворот Идризово, Зоран Јовановски, за неговиот ангажман и до Габриела Дамческа за добро завршената работа“, напиша воспитувачот Александар Ковиловски, истакнувајќи дека ова е пример како со малку волја може да се постигне многу.

Додека низ Македонија бројни државни болници се распаѓаат, а нивниот изглед сведочи за занемарување и немар, во Идризово се покажува дека човечката иницијатива и посветеност можат да создадат убавина дури и зад решетки.


Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“