28 Март, 2024
0.0374

„ЗАВИСЕН СУМ ОД КОКА“, Е САМО ЕДЕН ОД ГАФОВИТЕ НА РИШИ СУНАК: Новиот британски премиер во минатото имал зачудувачки изјави

Објавено во: Свет 25 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Тукушто избран за премоерската функција, медиумите во Обединетото Кралство веќе објавуваат низа гафови и зачудувачки изјави на богатиот британски премиер со индиско потекло, Риши Сунак. Тој никогаш не тврдел дека е човек од народот, но со чевлите на Прада и костуми по мерка, идниот премиер Риши Сунак се обидува да биде педантен во својата презентација.

Сепак, изминатите седум години во политиката не беа без гафови за поранешниот банкар на Голдман Сакс и поранешен канцелар.

Земање од сиромашните за помош на богатите

Во едно од видеата, Сунак им се пофали на членовите на конзервативната партија во Танбриџ Велс дека земал јавни пари од „ускратените урбани области“ за да им помогне на богатите градови.

- Наследивме еден куп формули од Лабуристичката партија, која ги турна сите средства во сиромашните урбани средини.

Потоа се пофали дека како канцелар почнал да ја менува таа политика.

„Зависник од кока кола“

- Зависник сум од кока, тотално сум зависен од кока - рече тој во интервју со двајца ученици кои се кикотат, пред брзо да појасни дека е: „зависник сум од кока-кола“, наведува Гардијан.

Гаф на пумпата

Тој беше обвинет дека се преправал дека не е толку богат за време на ПР-кампањата за да го одбележи падот на цената на бензинот. Црвениот автомобил Киа што ја наполнил со гориво на една од пумпите пред камерата всушност припаѓа на вработен во сервисната станица во Сејнсбери.

- Најсрамното нешто што ми се случи беше тоа што се мачев да ставам бензин во автомобил што не беше мој - призна подоцна.

Се обиде да ја скенира картичката со читач на баркодови

За време на истата фотосесија, се чини дека тој се обидел да плати за лименка Кока-Кола со скенирање на неговата банкарска картичка на читач на баркодови.

Подоцна признал дека некој морал да го научи како да ја користи бесконтактната картичка.

- Оттогаш некој ме научи како да ја користам таа бесконтактна машина. И јас ви велам, ова е неверојатно модерно чудо на технологијата овие денови!

Риши Сунак, поранешниот британски министер за финансии, вчера ја презеде премиерската функција, која ја вршеше Лиз Трус помалку од два месеци.

Тој рече дека ќе работи деноноќно за да му служи на британскиот народ.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО