18 Декември, 2025
0.0457

ЗАВРШИ КАКО НЕГОВИТЕ ЖРТВИ: Џелатот на ИД пронајден со отсечена глава

Објавено во: Свет 06 Јануари, 2015 11:52

Добивај вести на Viber

Високиот припадник на полициските сили на „Исламската држава“ во Сирија, кој беше задолжен за „сечење глави“, пронајден е обезглавен исто како и неговите жртви, во источната провинција Деир ал Зор, соопштила Сириската опсерваторија за човекови права чие седиште е во Лондон. Убиениот џихадист е египетски државјанин и бил познат како „емир“  силата на Хезболах во оваа провинција, се вели во соопштението. Телото на егзекуторот, на коe имало видливи траги на мачење, било пронајдено во близина на електраната во градот Мајадин. На лешот на полицаецот, кој во устата имал цигара била напишана порака „Ова е зло, ти, шеику“. Во случаите на видео – снимките на кои е снимена егзекуцијата на американските новинари, кои беа објавени на интернет, како џелат се претставува маскирано лице кое говори англиски со изразит британски акцент и кого медиумите го нарекоа „Џихад Џон“. Засега не е јасно кој е одговорен за ова убиство. Жителите од оваа област, која е под контрола на „Исламската држава“, рекле дека групата забранила пушење на јавни места. Опсерваторијата потсетува дека неодамна непознати напаѓачи, се обидоа да убијат двајца милитанти на „Исламската држава“ во Мајадин. Следбениците на „Исламската држава“ се борат против останатите бунтовници во Сирија и против локалната популација, а често убиваат и припадници од своите редови кои не се придржуваат до нивните прописи.    

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела