05 Декември, 2025
0.1198

Заврши поправката и надградбата на радарскиот систем Ѓуриште

Објавено во: Агробизнис 09 Јуни, 2018 16:18

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовскии директорот на управата за хидрометереолошки работи Ивица Тодорoвски денеска беа во посета на радарскиот систем Ѓуриште, по повод  завршувањето на поправката и надградбата на радарскиот систем.

„Климатските промени се едни од најзначајните работи на кои што како Влада и министерство сме насочени, се со цел да креираме адаптивни мерки со кои што ќе помогнеме на граѓаните,на секторот земјоделство,фармерите , и за квалитетно следење на временските услови и превземање соодветни агротехнички мерки. “ – истакна Николовски

По речиси 5 години Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку програмата за финансиска за рурален развој, обезбеди 3 милиони денари средства за поправка и надградба на радaрскиот центар Ѓуриште.Благодарение на новиот систем земјоделците ќе можат навремено да се информираат и да се заштитат од потенцијални временски непогоди.

На поправката и надградбата на радарскиот центар Ѓуриште, работеше тим од Русија

Извршена е надградба на радарскиот систем, инсталирани се нови автоматски современи радарски контролни и мониторинг единици за управување на антената по азимут и елевација. Исто така, инсталирана е и најновата верзија на софтверскиот пакет и извршена е целосна калибрација на радарскиот систем.

Поради застареност на досегашниот радарски систем на ГРМЦ Ѓуриште, од 2014 година се јавуваа чести прекини во функционирањето, а после кратко време овој радарски систем беше во целосен прекин,

Со овие поправки, сервисирања и надградби, се овозможува континуирано и квалитетно следење на облачните маси, рана прогноза и брза најава на опасни временски појави на територијата на Република Македонија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?