Заврши посетата на ММФ во Македонија, растот од 2% е остварлив
Објавено во: Економија 16 Април, 2013
Според оценката на Меѓународниот монетарен фонд кој во изминатите две недели престојуваше во Македонија, земјава има стабилна економија и стабилни макроекономски перформанси во услови на тешки опкружувања. Според ММФ, предвидениот раст од два отсто е остварлив иако има ризици.
„Економијата во Македонија, како и растот, се мошне добро позиционирани. Историјата на конзервативни фискални, монетарни и финансиски политики им овозможи на македонските власти простор во политиките за соочување со ефектите од глобалната криза. Како резултат на тоа Македонија избегна голем пад на производството и проблематичен одлив на капитал и е добро позиционирана да се врати кон раст кога ќе дојде до заздравување на ситуацијата во Европа. Умерен економски раст од 2 отсто се уште е остварилив и тој е подлежен на значителни проблематични ризици, истакна шефот на мисијата Ивана Влаткова Холар.
Според Влаткова Холар добар знак е расчистувањето на заостанатите долгови на јавниот сектор што почна во септември лани и заврши во февруари годинава. Притоа , потенцираше и дека во иднина ова е важно за да се избегне повторно создавање притисоци врз деловниот сектор односно повторното појавување на задоцнети плаќањат ќе го загрози заздравувањето и попречи правилното управување со готовина од страна на компаниите.
Влаткова Холар посочи и дека нивото на девизни резерви се соодветни, но надворешното опкружување останува непостојано,македонската економија зависи од европската, па затоа порача властите да останат будни и подготвени да реагираат на сите шокови.
„Одржувањето макроекономска стабилност е многу важен предуслов за раст и тоа налага обезбедување одржлива фискална политика со постепено намалување на дефицитот со тек на време. Обезбедување соодветен простор во буџетот за инвестиции во инфраструктурата, енергијата, обрзованието, обуката, политиките на работна сила се со цел борба против невработеноста. И внимателно предвидување на расходите што ќе се направи со помош на повеќегодишна фискална стратегија и повеќегодишна буџетска рамка“, истакна Влаткова Холар.
За министерот за финансии Зоран Ставрески оценката на ММФ е охрабрувачка.
„Вкупната оценка е дека нашата позиција во однос на долгот и буџетскиот дефицит е адекватна во времето во кое работиме и дека Македонија има добри изгледи, штом се стабилизираат условите во Европа, да оствари заздравување на економскиот раст и да се врати на патеката на повисоки стапки на раст“, рече Ставрески.Тој посочи дека ризици постојат бидејќи во Европа се уште состојбите се чувствителни и има проблеми таму, а остварувањето на македонската економија во голем дел ќе зависи од тоа што ќе се случува во европската економија.
„Гледано нанапред, буџетскиот дефицит и буџетската рамка ќе биде детерминирана во рамки на тригодишната фискална стратегија која е во подготовка. Го делиме мислењето на ММФ дека за Македонија, штом се стабилизираат состојбите во европската економија и се вратиме на позитивните стапки на раст, адекватно би било постепено одмерено намалување на буџетскиот дефицит со цел да се одржи нивото на долгот на умерено ниво како што е денес и тука Македонија има добра позиција, бидејќи сме една од ретките земји во Европа што се соочи со кризата со ниско ниво на вкупен долг и можевме да имаме постабилни услови отколку многу други земји“, рече Ставрески кој додаде дека секое споредување на замјава со Грција е економски нелогично.
„Со предвидените стапки на економски раст и соодветно на движењата на буџетските приходи воопшто нема никаков проблем со сервисирањето на обврските во следните години“, рече министерот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.