Жбогар: Иднината на државата и евроатланската интеграција ќе зависат од изборите
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2016
Амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, вели дека иднината на државата и нејзината евроатланска интеграција, зависат од овие избори.
Тој очекува фер предизборна кампања, која треба да почне в понеделник.
Тој денеска од Тетово, каде се сретна со градоначалничката Теута Арифи. Жбогар повика институциите веднаш да реагираат ако се случи и најмал проблем за време на предизборието. Тој очекува политичките партии да ги престават своите визии за иднината на Македонија.
„Од понеделник ќе почне кампања, дури ако нешто се наруши и ако кампањата не оди по вистински пат, самите институции во државата треба да го решат тоа. Ако произлезат вакви ситуации, треба да се погрижиме за тоа, ќе се смисли нешто, но како што вели изреката, кога ќе дојдеме на мостот, тогаш ќе размислиме како да го поминеме“– изјави Жбогар.
Наведува дека Европската Унија ќе го земе в предвид фактот како поминале изборите во Македонија.
Евроамбасадорот рече дека новите случаи што ги отвора Специјалното јавно обвинителство, треба да се остават да се процесираат во самите судски инстутуции.
Жбогар, заедно со амбасадорот на Шпанија во земјава, Рамон Абароа Каранса, денеска ја посетија Општина Тетово, каде остварија средба со градоначалничката на Тетово,Теута Арифи, на која ѝ понудија финансиска помош за реализација на инфраструктурни и на комунални проекти за Тетово.