Здрави и среќни сме, душата ни е исполнета: Божикно интервју со Радмила Шекеринска
Објавено во: Стил 06 Јануари, 2020 09:46
И Бобо и јас имаме дедо и прадедо кои биле попови, едниот во Штип, другиот во Куманово. Но, особено во моето семејство христијанството многу малку се гледа во ритуалите врзани за трпеза или празници, а многу повеќе во вредностите кои ги претставува, раскажува Шекеринска
За министерката за одбрана и вицепремиерка и во новиот владин состав, Радмила Шекеринска, прва асоцијација за божикните празници ѝ е именденот на сопругот. Признава дека нејзиното семејство има редовна возбуда околу паричката, а во ова божикно интервју освен што ни откри како изгледа бадниковата трпеза во нејзиниот дом, разговаравме и за нејзината ќерка Ада, за положбата на жената во македонската политика, за нејзиниот пристап кон модта.. Нејзината семејна оаза е Маврово каде што има викендица во која со семејството ги поминува и овие празници и во која успеавме да ѕирнеме и ние.
* Која е првата асоцијација за Вас кога се во прашање божиќните празници?
- Именденот на мојот сопруг Божидар.
* Како вообичаено Вашето семејството ги празнува Бадник и Раѓањето Христово? Ги почитувате ли обичаите и традицијата?
- И Бобо и јас имаме дедо и прадедо кои биле попови, едниот во Штип, другиот во Куманово. Но, особено во моето семејство христијанството многу малку се гледа во ритуалите врзани за трпеза или празници, а многу повеќе во вредностите кои ги претставува. Љубов кон ближниот, помош кон послабиот, верба во доброто - на тоа ме учеле и на тоа ја учиме и нашата ќерка.
Затоа, вечерта на Бадник го месам лепчето со паричка, додаваме пити и колачи и уживаме во тоа што сме сите дома. Имаме редовна возбуда околу паричката, но ја научивме и Ада дека убавината е во изненадувањето и играњето фер - нема местење.
* Велат колку е побогата трпезата, толку побогата ќе биде и годината. Како изгледа Бадниковата трпеза во Вашиот дом?
- Трпезата не ни е особено богата, но затоа душата ни е исполнета. Заедно сме. Дома сме. Здрави и среќни сме.
Целото божикно интервју на вицепремиерката може да се прочита на Женски Магазин* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





