Здравството и сообраќајната полиција најкорумпирани
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2016
Просечно, едно од шест домаќинства плаќа мито при пристапот до јавни услуги.
Глобалниот барометар на корупција кој се спроведува во 42 земји, покажува дека здравството и сообраќајната полиција се гранките во кои владее најмногу корупција.
Македонците за да дојдат до одредена здравствена услуга или за сообраќаен прекршок давале најмногу поткуп.
Истражувањето е направено пред и после објавувањето на опозициските „бомби“, а според анкетите речиси 40 отсто од граѓаните, велат дека сметаат оти ништо не може да се направи во борбата против корупцијата и затоа не пријавуваат, а еден од одговорите зошто не се пријавува, е страв од последици, рекле 29 отсто.
Само три отсто сметаат дека Владата добро се справува со корупцијата, наспроти 48 отсто кои велат дека лошо или доволно лошо Владата го прави тоа.