19 Декември, 2025
0.1152

Ќе плаќаме 25 милиони евра за активирани гаранции против ЈПДП и Железници - Транспорт

Објавено во: Економија 07 Септември, 2023 13:41

Добивај вести на Viber

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска при претставувањето на ребалансот на државниот буџет, објави дека на расходната страна се префрлени дополнителни 25 милиони евра поради активирани гаранции за нереализирани услови од финансиски договори што ги склучувале јавното претпријатие „Државни патишта“ и акционерското друштво Железници на РСМ Транспорт.

Според она што го кажа министерот, едната гаранција против ЈПДП ја активира кинеската ЕКСИМ-банка која ја финансира изградбата на автопатот Кичево - Охрид, како и други проекти во земјата, додека за Железници Транспорт од подамна се знае дека е заглавено во големи долгови кон надворешни компании и дека Владата формираше работни групи за тоа. Бесими не наведе колку ќе се плаќа за поединечните случаи, ниту пак изнесе дополнителни детали.

- Во буџетот се обезбедени средства за неопходните потреби. 25 милиони евра се обезбедуваат за паднати гаранции во однос на ЕКСИМ-банката што е за јавното претпријатие Државни патишта, како и за МЖ Железници, рече Бесими.

Ова се потреби кои не можеле да се планираат во текот на годината, додаде тој, па така за судски одлуки и решенија против државата се одредени дополнителни 300 милиони денари.


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?