20 Декември, 2025
0.0566

ЗЕЈТИНОТ ПОСКАПЕЛ ЗА 52 ОТСТО, ЛЕБОТ ЗА 37 ПРОЦЕНТИ - драматична инфлација од 16 отсто измери статистика во јули годинава

Објавено во: Економија 08 Август, 2022 12:45

Добивај вести на Viber

Инфлација од 16 отсто измери Државниот завод за статистика. За толку пораснале трошоците на живот во јули годинава во однос на јули претходната година. 

Ова е највисока стапка на инфлација измерена досега во земјава, откако во јуни беа пресметани 14,5 отсто. 

Ако се гледа колку изннесувала инфлацијата од почетокот на годинава, односно во првите седум месеци од 2022 во однос на првите седум месеци од 2021 година, таа е повторно двоцифрена, односно стапката изнесува 10,9 отсто. Но, тоа се должи на пониските стапки на инфлација во првите месеци на годинавба, кои станаа многу позагрижувачки откако изби војната во Украина. 

Табелите од државниот завод за статистика говорат дека најмногу поскапела храната и алкохолните пијалоци, односно за дури 23,6 отсто, што значи дека во јули се тие поскапи за близу една четвртина во однос на истиот месец лани. 

Уште подраматично е ако се гледа колку поскапеле маслата и мастите, дури 51,9 отсто, што значи дека за повеќе од половина имаме поскапување кај зејтинот, чија цена, како што знаеме, се вивна до облаците.

Лебот и житата во јули годинава во однос на јули претходната година, а тоа е за дури 36,5 отсто. За 23,5 отсто во овој јули има зголемување кај млекото, сирењето и јајцата.

Ако е за некаква утеха, помали се индексите на пораст на цените во однос на претходниот месец.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јули 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101,9, што значи има пораст за 1,9 отсто, а кај индексот на цените на мало изнесува 102,5 отсто. 

Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 4,8 отѕсто, сирењето и урдата за 4,5 проценти, млекото за 3,6 отсто, свежото и разладеното овошје за 2,9 отсто и така натаму. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба