25 Ноември, 2024
0.1939

ЖЕЛБА ЗА 2021 ГОДИНА – Проф. д-р. Никола Пановски: Посакувам медиумите да се вратат на вообичаените теми, а мене да ме заборават

Објавено во: Македонија 28 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања од следната година.

Микробиологот, проф. д-р. Никола Пановски, еден од најприсутните во јавноста во годинава што изминува, посебно со неговата стручност заради што со своите ставови остро се спротивставуваше на здравствените власти, а истовремено упатуваше и безброј апели до граѓаните, за следната 2021 година посакува ковид да биде кон крајот на вестите во дневно-информативните изданија.

-Посакувам што побрзо да се смири пандемијата. Да почне долгото опоравување на економијата. Ковид-19 да биде десетта вест еднаш во неделата, да нема повеќе трауми, страв, паника и смртни случаи. Медиумите да се вратат на вообичаени теми од животот, а мене да ме заборават. Посакувам да си ги гушнам четирите внучиња, станот пак да ми се наполни со гости. Посакувам матурата од син ми да ја можаме да ја прославиме како што доликува. Посакувам да го избере факултетот кој најмногу му одговара и да се запише без проблеми.  Во годината што доаѓа, 2021 очекувам да има континуирано намалување на бројот на активни случаи од Ковид-19, очекувам успешна вакцинација, со минимални несакани дејства и мирно лето. Се надевам дека од септември животот повторно ќе се врати на старото нормално. Децата ќе тргнат на училиште, студентите ќе облечат мантили, амфитеатрите ќе се наполнат. Очекувам да ги гледам студентите додека предавам, сакам да ја видам нивната реакција на тоа што е кажано, да можам да оценам дали им е интересно, дали го разбираат тоа што им го објаснувам. Очекувам нашите здравствени херои од Ковид-центрите, да го добијат заслужениот одмор, да се опорават физички и психички и да ја добијат заслужената сатисфакција, вели проф. Пановски за Фактор.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик