05 Мај, 2024
0.1524

Зелен чај и соја за притисок под контрола

Објавено во: Стил 29 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Изофлавоните, кои се наоѓаат во соиното млеко, зелениот чај или во тофи-то, можат да помогнат за намалувње на крвниот притисок, тврдат американските истражувачи.

Ако барате начин како со храна да го регулирате крвниот притисок, или да го ставите под контрола, пробајте во секојдневната исхрана, да внесете соја, соино млеко, зелен чај и тофа – продукти кои се богати со изофлавон.

Како изофлавонот ќе го снижи притисокот? Така што го подобрува создавањето на ензимот во нашето тело кој создава азотен оксид, а тој пак помага да се прошират крвите вени и така го намалува крвниот притисок, објаснува др. Сузана Стејнбаум, директорка на одделот за женски болести и болести на срцето при болницата „Ленокс Хил “ во Њу Јорк. Нејзиниот тим, анализираше податоци на повеќе од 5000 испитаници и заклучи како лицата кои консумираат најголема дневна количина изофлавон, (повеќе од 2,5 милиграми) имале понизок крврн притисок.

„Тоа што е единствено во врска со оваа студија е дека овие резултати можат да се применат на широката популација. Умерен внес на изофлавон со исхрана кај младите може да биде добар ефект за крвниот притисок“, објаснува докторката.

„Комбинирање и консумирање протеини од соја со ДАСХ диетата – која е богата со овошје и зеленчук и немасни млечни производи во комбинација со житарки, може да доведе до намалување на систолниот крвен притисок од 10 mmHg кај лицата со кои се на прагот со високиот крвен притисок“.

Било која промена во исхраната која не бара употреба на лекови, е од голема важност.