18 Декември, 2025
0.3439

ЗЕЛЕНИОТ ХЕБЕК ИЛИ ДЕМОХРИСТИЈАНОТ МЕРЦ, кој ќе ја освои канцеларската трка по падот на владата на Шолц?

Објавено во: Свет 08 Ноември, 2024 17:58

Добивај вести на Viber

По распадот на владата на канцеларот Олаф Шолц и најавата за предвремени парламентарни избори во Германија, Роберт Хабек, копретседател на Зелените и министер за економија и климатска политика, се споменува како можен кандидат за канцелар. Настаните се одвиваат брзо, и Хабек сеуште не ја потврдил официјално својата кандидатура, иако неодамна објави видео со нараквица на која пишува „Канцеларска ера,“ што предизвика шпекулации дека наскоро може да се кандидира.

Иако има поддршка од Зелените, аналитичарите сметаат дека шансите на Хабек се мали во споредба со кандидатот на опозициските демохристијани, Фридрих Мерц, и прогнозите одат во насока на враќање на власта на Христијанско-демократската унија на поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Крајот на коалицијата „Семафор“

Проблемите во коалицијата „Семафор“ започнаа минатата недела кога Шолц го разреши министерот за финансии, Кристијан Линднер, објаснувајќи дека оваа мерка е неопходна за „да се избегне штета на татковината“. Спорот околу буџетот за 2025 година и несогласувањата околу зголемувањето на трошоците за поддршка на Украина беа главните причини за разделбата.

Во оставка, Линднер го критикуваше Шолц дека намерно предизвикал распад на владата. Покрај тоа, постоеше и несогласување околу „должничката кочница,“ економска мерка што спречува Германија да се задолжува прекумерно, што Шолц сакаше повремено да ја укине за да инвестира во иднината на земјата.

Глас за доверба и можност за предвремени избори

Шолц се очекува на 15 јануари 2025 година да постави прашање за доверба на својата влада во Бундестагот, а исходот најверојатно ќе биде негативен. Ова би можело да води кон распишување на предвремени избори во март, наместо во септември според редовниот план. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека колапсот на коалицијата не е крај на светот и ја изрази својата подготвеност да го распушти парламентот, со цел да се отвори патот за нови избори.

фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела