Зелените пазарчиња во 2019-та ќе останат празни!
Објавено во: Агробизнис 17 Декември, 2018 14:45
Со новиот Закон за трговија на зелените пазари кој стапува на сила од 1 јануaри ќе се намали за 30 отсто бројот на лицата кои закупуваат тезги, како и прометот на истите доколку истиот не се одложи за да се допрецизира, смета Стопанската комора на Македонија.
Oд таму велат дека нема доволно време да се имплементираат подзаконските акти, а условите за поседување на лиценцата за вршење дејност се недоволно јасни.
Барањето за одложување на законот од комората минатата недела официјално е доставено до министерот за економија Крешник Бектеши, но сè уште немаат добиено одговор во комората.
- Додека не бидат направени измените законот реално не може да функционира онака како што е сега поставен поради што сметаме дека треба да биде одложен за некое време, рече Даниела Михајловска Василевска на деншната прес-конференција.
Со новиот закон тезга не можат да закупат трговците поединци, како и лицата кои остваруваат доход по основ на работен однос, пензија и преку договор на дело. Легитимацијата не може да се пренесе на член на потесното семејство доколку од објективни причини биде спречен да ја врши дејноста, а со истата не може да се закупат ниту повеќе тезги на ист пазар во иста општина.
Во Македонија има од 20 до 25 илјади закупци на тезги на пазарите, а со новиот закон тие треба да си плаќаат придонеси и на тој начин да го остварат правото на пензија и социјално осигурување.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





