Зеленски го укина украинското државјанство на градоначалникот на Одеса, може да биде депортиран
Објавено во: Свет 14 Октомври, 2025 19:43
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му го укина украинското државјанство на градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов.
„Кај неколку лица исто така е потврдено руско државјанство и се подготвени соодветни одлуки. Указот е потпишан“, објави Зеленски денеска на Телеграм по средбата со шефот на разузнавањето Васил Малјук, без да наведе имиња.
Труханов сега би можел да се соочи со депортација. Набргу потоа, разузнавачката служба СБУ потврди дека укинувањето на државјанството се однесува на градоначалникот на Одеса. Објавена е и фотографија од руски пасош кој наводно му припаѓа нему, со важност до декември, пренесе ДПА нагласувајќи дека не може независно да се потврди дали документот е автентичен. Труханов повеќепати ги отфрли обвинувањата.
„Никогаш сум немал руски пасош“, изјави тој за јавната телевизија откако беше обелоденето дека му е укинато украинското државјанство.
Труханов најави дека ќе преземе правни чекори против одлуката, повикувајќи се на истрагата што безбедносната служба ја спровела против него во 2022 година.
Со губењето на државјанството, избраниот градоначалник практично се отстранува од функцијата. Како одговор на една петиција, Зеленски истовремено иницираше создавање на воена администрација за стратешки важниот пристанишен град.
Труханов, кој повеќепати ја осудуваше Русија за бројните напади врз Одеса, е градоначалник од 2014 година. Сомневањата дека поседува руско државјанство се појавија уште за време на тогашната изборна кампања.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




