Зеленски објасни дали и какви отстапки би прифатил
Објавено во: Свет 06 Мај, 2022 16:16
Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги наведува можните отстапки од мировниот договор.
Кажа дека би прифатил мировен договор со кој руските војници ќе се вратат на позициите што ги имаа ден пред почетокот на инвазијата, објави Би Би Си. Зеленски вели дека за да дојде со договор, треба да има дипломатски договор.
„Од наша страна не се изгорени сите дипломатски мостови“, кажа претседателот.
Зеленски не го спомна конкретно Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Не е јасно што ќе се случи со Доњецк и Луганск на истокот на Украина кои се делумно под контрола на проруските сепаратисти од 2014 година. Претходно, Зеленски изјави дека нема да прави отстапки со територии во замена за мир.
Русија на 24 февруари ја нападна Украина. Неколку рунди преговори завршија без договор.
Можеби ќе ве интересира
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела




