ЗЕЛЕНСКИ РАЗГОВАРАШЕ СО ТРАМП: Двете држави заеднички ќе произведуваат дронови?
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2025 21:05
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот Володимир Зеленски разговарале и за потенцијално заедничко производство на дронови.
Зеленски вели дека така можат да се зајакнат.
„Имав долг и суштински состанок со претседателот Трамп. Ги опфативме сите навистина важни прашања. Му благодарам на господинот претседател, им благодарам на Соединетите Американски Држави. Разговаравме како да постигнеме прекин на огнот и вистински мир. Разговаравме како да го заштитиме нашиот народ“, напиша Зеленски на X.
Трамп рече дека ќе размисли за снабдување на Украина со повеќе ракети „Патриот“. Зеленски му честитал на Трамп за операцијата на Блискиот Исток.
„Разговарав со претседателот за заштитата на нашите луѓе – првенствено за купување
американски системи за воздушна одбрана за заштита на нашите градови, нашите луѓе, нашите
цркви и нашата инфраструктура. Украина е подготвена да ја купи оваа опрема и да ги поддржи
американските производители на оружје. Европа може да помогне. Разговаравме и за можноста
за заедничко производство на беспилотни летала. Можеме да се зајакнеме едни со други“, вели Зеленски.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт




