ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА УШТЕ СПРОВЕДУВААТ ОПЕРАЦИИ ВО КУРСК: Се пофали дека тестирале ракета со дострел од 1.000 километри
Објавено во: Свет 27 Април, 2025 17:18
Украинскиот претседател Володимир Зеленски негира дека Курск е пропадната операција.
Зеленски изјави дека украинските сили продолжуваат со операции во руската област Курск и дека не се соочуваат со опколување, иако борбите во регионот се интензивни, јави Скај Њуз.
„Групирањето на руските сили јасно покажува дека Москва продолжува да ја игнорира дипломатијата“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој соопшти дека неговата земја успешно тестирала нова ракета со дострел од 1.000 километри.
„Ракетата „долгиот Нептун“ беше тестирана и успешно искористена во борба“, рече Зеленски.
Ако оваа информација се потврди како точна, Украина би добила способност да гаѓа цели многу подалеку од досегашниот максимален дострел на американските ATACMS ракети од 300 километри.
Руски воен командант му рекол на претседателот Владимир Путин дека „расфрланите остатоци“ од украинската армија што останале во рускиот Курски регион наскоро ќе бидат уништени, објави државната новинска агенција РИА во неделата.
„Моментално, ја вративме населбата Горнал и се утврдивме на нејзините улици, кои се целосно под наша контрола“, рече командантот, додавајќи дека руските трупи продолжуваат да ги расчистуваат шумските области западно и јужно од Горнал.
Киев соопшти дека неговите сили не се целосно протерани од Курск и дека сè уште дејствуваат во Белгород, уште еден руски регион што граничи со Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека рускиот лидер Владимир Путин, можеби и не сака мир, туку само го тапка по рамото.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




