08 Април, 2025
0.1053

ЖЕЛЕЗНИЦАТА ПРОДОЛЖУВА ДА „ГУБИ“ ПАТНИЦИ – превозот на стока бележи благ раст, најмногу со транзитни цели

Објавено во: Економија 03 Април, 2025 07:34

Добивај вести на Viber

Бројот на патници во железничкиот сообраќај продолжува да се намалува, а остануваат и главните забелешки и поплаки од корисниците во поглед на хигиената, нередовноста, честите дефекти, долгото време на чекање за поправка... Кај транспортот на стока со вагоните има благ пораст, но далеку од некогашните нивоа.

Патниците кои ја користат железницата приоритет им е економскиот аспект, односно ниската цена на овој тип на превоз, но хигиената во вагоните и санитарните јазли е еден од најголемите проблеми и таа како што укажуваат патниците е на незадоволително ниво.

Ова се дел од заклучоците на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор изнесени во нивниот годишен извештај доставен до пратениците.

-  Како главни забелешки и коментари на патниците се ненавремено откажување на возови, зголемен број дефекти, големо време на чекање при дефекти, недостиг на информации во случај на дефект, хигиената во вагоните и санитарните јазли, и железничките станици, повеќе вагони, нови возови – се наведува во извештајот изработен од Агенцијата.

Притоа е посочено дека во текот на минатата година бројот на патници продолжил да се намалува. Во споредба со годината претходно намалувањето е благо, но ако се погледнат бројките од 2022 година, тогаш намалувањето е големо.

-  Патничкиот сообраќај во 2024 година бележи намалување на бројот на превезени патници на 237.648 патници во однос на 2023 година кога се превезени 280.400 патници. Истовремено возни километри во патничкиот сообраќај во 2024 година изнесуваат 580.056 додека во 2023 година изнесувале 597.039 – се додава во извештајот.

Бројките покажуваат дека во изминативе пет години, најголем број на патници кои користеле железница имало во 2022 година, кога би достигнат пик од над 405 илјади патници. Претходните години и годините по 2022 бројот на патници се движел околу 250 илјади.

Состојбите не се задоволителни ниту кај превозот на стока, сепак, оптимистички е што според податоците на Агенцијата во текот на 2024 година имало благо зголемување на обемот на железнички сообраќај.

-  Анализата на податоци за состојбата на железничкиот товарен сообраќај покажува дека во 2024 година обемот на превоз изнесува 857.828 тони, додека во 2023 година обемот на превоз бил 817.182 тони – се посочува во извештајот. 

Од Агенцијата укажуваат дека согласно анализата на структурата на стоката која се превезува со железницата во текот на минатата година покажува дека најголем дел од превозот е во меѓународниот превоз на стока и тоа стока која транзитно минувала низ Македонија.

Од податоците во извештајот може да се види дека со возови најмногу се превезувале основни метали, произведени метални производи (349.615 тони), потоа следува опрема и материјали кои се користат во транспортот на стоки (326.100 тони), а на трето место кокс и производи од рафинирање на нафта (95.797 тони). Поголеми количини на стока која била превезена со железницата е категорија прехранбени производи, пијалаци и тутунски производи (19.575 тони).

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ЕДНА КОМПАНИЈА ДИРЕКТНО ЗАВИСИ ОД ИЗВОЗОТ ВО САД: Се работи на решавање на тој проблем

ЕДНА КОМПАНИЈА ДИРЕКТНО ЗАВИСИ ОД ИЗВОЗОТ ВО САД: Се работи на решавање на тој проблем

„МАКЕДОНСКО СЕЛО“ ОД ЈУНИ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ЗА ПОСЕТИТЕЛИ - потпишан договор за концесија

„МАКЕДОНСКО СЕЛО“ ОД ЈУНИ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ЗА ПОСЕТИТЕЛИ - потпишан договор за концесија

„Ајфон“ моделите поскапуваат во трговската војна помеѓу САД и Кина

„Ајфон“ моделите поскапуваат во трговската војна помеѓу САД и Кина

ИНТЕРВЈУ БОГАТИНОВСКИ: Решенијата за поквалитетен живот се дигитални

ИНТЕРВЈУ БОГАТИНОВСКИ: Решенијата за поквалитетен живот се дигитални

„КУПЕТЕ ЕНЕРГИЈА ОД 350 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ЌЕ ДОБИЕТЕ ТАРИФНИ ОЛЕСНУВАЊА“: Трамп ја отфрли понудата на ЕУ

„КУПЕТЕ ЕНЕРГИЈА ОД 350 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ЌЕ ДОБИЕТЕ ТАРИФНИ ОЛЕСНУВАЊА“: Трамп ја отфрли понудата на ЕУ

АКЦИОНЕРИТЕ ИМААТ СУПЕР ФИРМА, АМА ЗА ДИВИДЕНДА, ЌЕ ПОЧЕКААТ - еве како најголемиот производител на леб ќе го искористи ланскиот топ профит од над половина милион евра

АКЦИОНЕРИТЕ ИМААТ СУПЕР ФИРМА, АМА ЗА ДИВИДЕНДА, ЌЕ ПОЧЕКААТ - еве како најголемиот производител на леб ќе го искористи ланскиот топ профит од над половина милион евра

Маркетите ги подготвуваат ценовниците за објавување, ќе бараме попусти на нивните интернет страници

Маркетите ги подготвуваат ценовниците за објавување, ќе бараме попусти на нивните интернет страници

НЕ СТИВНУВА ПОТРАГАТА ПО НОВИ РАКОВОДИТЕЛИ – има ли кандидати кои сакаат да управуваат со инспекторатот за труд или на центрите за образование

НЕ СТИВНУВА ПОТРАГАТА ПО НОВИ РАКОВОДИТЕЛИ – има ли кандидати кои сакаат да управуваат со инспекторатот за труд или на центрите за образование

МРАЧНИ ФАБРИКИ ГО ЗАПОСЕДНУВААТ СВЕТОТ: Се заканува ли работничка „апокалипса“?

МРАЧНИ ФАБРИКИ ГО ЗАПОСЕДНУВААТ СВЕТОТ: Се заканува ли работничка „апокалипса“?