20 Декември, 2025
0.0643

Железницата во Македонија повеќе троши за плати за вработените, отколку што наплаќа од товарниот транспорт

Објавено во: Економија 23 Јули, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Трошокот за бруто-плати во нерентабилното железничко претпријатие АД Железници - Транспорт за превоз на стока и патници се зголемил за 20 отсто за една година.

Во извештајот поднесен до „Македонска берза“ објавено е дека се потрошени 9,13 милиони евра во текот на целата 2024 за исплата на бруто плати кон вработените, што е зголемување од  19,65 отсто повеќе за една измината година.

И сето тоа во ситуација кога бројот на вработени лица се намалил од 686 на крајот од 2023 на 623 на крајот од минатата година.

Во меѓувреме судските спорови кои се водат против претпријатието се зголемиле за една година од 28 милиони евра на 32,7 милиони евра. Спор бил загубен со компанијата „Дуферко“ на крајот од минатата година, поради што морало да се резервираат повеќе од половина милион евра дополнителни средства, што влијаело на уште поголема прикажана загуба во работењето.

“Загубата во Друштвото со 30.11. 2024 год изнесуваше 299.796.000 денари. Во месец декември е зголемена за 32.000.000 ден, заради наследен стар судски спор со добиена правосилна извршна пресуда 2022 година во корист на Дуферко Лугано, и поради таа причина е склучена спогодба за отплата на долг. Заклучно со 31.12.2024 година загубата изнесува 331.796.000 денари.” велат од претпријатието.

Во моментов владата бара финансиер на проектот „брза железница“ за кој се верува дека истиот ќе донесе поголеми приходи од транспортот, но икстовремено нема никаква анализа пред јавноста за неговата оправданост и исплатливост.

Како споредба, за електрична енергија за работа на локомотивите се потрошени само околу еден милион евра, а приближно исто толку и за нафта.

Од друга страна, наплатата за услугите од „Макстил“, „Макпетрол“, „Фершпед“ и странските компании за превоз на транзитна стока изнесува само 7 милиони евра и таа сума е иста како и претходните години.

Во текот на минатата година Македонски железници - Транспорт добил рекордна субвенција директно од Владата за да работи колку-толку рентабилно во висина од 8,6 милиони евра, што е неколкукратно повеќе споредено со претходните години откако започна овој вид на државна помош што ја плаќаме сите. Од редовната државна помош од буџетот за субвенционирање на патничкиот сообраќај биле префрлени плус 4 милиони евра.

Остварената загуба веќе не е ништо невидено за ова акционерско друштво во државна сопственост и таа изнесува 5,5 милиони евра.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба