05 Декември, 2025
0.1710

Земан: Наместо 40 илјади евра за претседателско пенкало-да се купат книги за учениците!

Објавено во: Стил 02 Март, 2013 19:07

Добивај вести на Viber

Идниот чешки претседател Милош Земан одби претседателската заклетва да ја потпише со уникатно пенкало, кое чини 40.000 евра и препорача парите да се дадат во добротворни цели, јавија регионалните медиуми.

Земон притоа порачал дека инаугурацијата нема да биде збогатена со посветено пенкало за еден милион круни, а на компанијата и препорачал средствата да ги донира за училишен прибор на учениците од регионот каде што им е седиштето.

Пред 5 години, претседателот Вацлав Клаус заклетвата на функцијата ја потпиша со специјално пенкало изработено од злато и платина, а наменето исклучиво за претседатели.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: