07 Октомври, 2024
0.0241

Земја во која паузата за ручек трае 90 минути

Објавено во: Стил 30 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Иако е најбогата земја во Европа, Лихтенштајн нема ни аеродром, ни железница, а граѓаните имаат пауза за ручек долга 90 минути.

Во текот на тие час и половина, од 12 до 13,30 часот, државата мора да биде во тишина, односно не е дозволено „косење на тревниците ниту пак гласна забава“.

Покрај тоа, Лихтенштајн им налага на своите граѓани секоја година во февруари или март да земат месец деца слободно за да се занимаваат со спорт на таканаречен „спортски празник“, а данокот на добивка е 12,5 отсто, што е меѓу најниските во Европа.

Таа земја нема излез на море, е една од најмалите во светот и има помалку од 40 000 жители, од кои третина се странци.

Иако не е членка на Европската унија, таа е дел од Европската слободна трговска зона, шенгенски простор и Европски економски простор.

Меѓутоа, Лихтенштајн постојано е мета на меѓународни притисоци, па дури и се најде на црната листа на ЕУ со земји кои не соработуваат во даночен надзор.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни