16 Декември, 2024
0.0255

ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“ за прв пат на врвот

Објавено во: Економија 16 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

„Марковски компани - Борче“ е добитник на тендери со најголема вкупна вредност на склучени договори во 2023. Ова го потврдува Бирото за јавни набавки со објавениот извештај за работењето минатата година.

Со договори во вкупна вредност од 53 милиони евра, исклучиво склучени со АД ЕСМ, битолската градежна компанија е најголем тендерџија од сите други за минатата година. Генерално станува збор за три доминантни тендери во 2023 - еден од 25,5 милиони евра за ископ на јаловина во рудниците на РЕК Битола и два за ангажирање на помошна механизација за истото место, од кои едниот во висина од 9,2 милиони и другиот од 7,9 милиони евра.

„Марковски компани - Борче“ за прв пат е на првото место на табелата на БЈБ по вкупна вредност на склучени јавни набавки од сите други економски оператори. Една година претходно бил петти со двојно помала договорена сума - 15 милиони евра. Не бил прв ниту во 2021, кога добиената сума е 42,8 милиони евра. Во 2020 бил 20-ти со само 8,4 милиони евра. Ова најверојатно значи дека „Марковски компани“ лани за прв пат го освоил врвот кај тендерите. Дополнително, ова е во ситуација кога лани институциите на државната управа си допуштиле за 34 отсто повеќе пари за јавни набавлки во однос на една година претходно, која беше прогласена за „кризна“.

„Марковски компани“ со 46 милиони евра во билансот на работење во текот на 2023 има раст на приходите за 53 отсто. Со добивка од 13,48 милиони евра, која патем е двојно зголемена, компанијата е една од најуспешните во земјата за минатата година. Единствен сопственик е Борче Марковски кој вработува 309 работници.

Новата власт раскина еден договор од 46 милиони евра склучен со „Марковски компани“ ,но склучен од оваа година. Активирана е банкарската гаранција во износ од 120 милиони денари поради тоа што, како што беше кажано, добитникот на тендерот не успеал да ги испорача договорените количини на јаглен во континуитет, поради што операторот директно ја загрозил енергетската стабилност на државата. Беше споменато и нарушување на геомеханичката стабилност на рудникот Брод Гнеотино.

Договорот беше со важност од 18 месеци, односно до август 2025 година. „Марковски компани“ имаше и подизведувачи, меѓу нив и две фирми од Струмица, кои политиката и медиумите низ годините често ги поврзуваа со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Последната информација е дека ЕСМ ќе ја тужи „Марковски компани“ поради непочитување на договорот, а сопственикот на компанијата никаде досега се нема огласено.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кога беше опозиција, ги критикуваше договорите на тогашната владина гарнитура со Марковски, но скоро склучи договор со компанијата со образложение дека дале пониска цена.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

2025, ГОДИНА НА ИЗВОЗ, ИНВЕСТИЦИИ, ИНФРАСТРУКТУРА, СО МИНИМУМ 3 ОТСТО РАСТ

2025, ГОДИНА НА ИЗВОЗ, ИНВЕСТИЦИИ, ИНФРАСТРУКТУРА, СО МИНИМУМ 3 ОТСТО РАСТ

ШТО ЈА ОЧЕКУВА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА? Покрај трговската политика на Доналд Трамп, тие се соочуваат со уште два големи предизвици

ШТО ЈА ОЧЕКУВА КИНЕСКАТА ЕКОНОМИЈА СЛЕДНАТА ГОДИНА? Покрај трговската политика на Доналд Трамп, тие се соочуваат со уште два големи предизвици

Бикот и се реваншира на мечката, МБИ-10 пред нов историски рекорд! Треба ли тоа да не плаши или да не радува?

Бикот и се реваншира на мечката, МБИ-10 пред нов историски рекорд! Треба ли тоа да не плаши или да не радува?

НИКНУВА ЛИ НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СРБИЈА - фирма на холдингот „Делта“ ќе купува друштво кое работи со опрема за воздушен сообраќај

НИКНУВА ЛИ НОВА АВИОКОМПАНИЈА ВО СРБИЈА - фирма на холдингот „Делта“ ќе купува друштво кое работи со опрема за воздушен сообраќај

„БЕСНОТО ЧУДОВИШТЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ПОРАЗЕНО“: Дали Европа прави голема грешка?

„БЕСНОТО ЧУДОВИШТЕ СЕ УШТЕ НЕ Е ПОРАЗЕНО“: Дали Европа прави голема грешка?

МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени

МЕРКАТА СТАРТУВАШЕ ДЕНЕСКА: Повеќе од 800 производи се со намалени цени

КОСТОВА: Во 2025 година е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра

КОСТОВА: Во 2025 година е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра

Средба Ангеловска-Бежоска − Стамнова: Со Единствениот регистар на сметки ги воспоставуваме најдобрите европски практики

Средба Ангеловска-Бежоска − Стамнова: Со Единствениот регистар на сметки ги воспоставуваме најдобрите европски практики

ДОБРА ГОДИНА ЗА ЗЛАТОТО: Во 2024 поскапе за 28 отсто

ДОБРА ГОДИНА ЗА ЗЛАТОТО: Во 2024 поскапе за 28 отсто