Земјата на можностите
Објавено во: Анализа 07 Мај, 2013
Миграцијата го направила светот таков каков што го знаеме. Таа е постојана, без разлика во кое време некој живее. Луѓето генерално се решаваат да одат во потрага по подобар живот од тој што го имале во местото во кое дотогаш живееле. Впрочем, никој не би си одел од местото каде што живее доколку таму има услови за живот како што си замислил дека треба да има. Гледано внатрешно, кај нас, за жал, миграцијата веќе со декади е насочена кон главниот град, кој постепено станува тесен да ги прими сите што сакаат да живеат тука. И нормално, во такви услови се создава блага нетрпеливост меѓу оние што веќе неколку генерации се тука и оние што сакаат да станат нови жители на метрополата.
Секако, не треба да им се замери ниту на едните ниту на другите, ситуацијата е таква секаде во светот. Се повеќе сме сведоци на држави што протестираат против миграцијата, велејќи дека работните места им ги зема некој друг. Нормално е да се бара виновник кога нешто не фукционира. Од друга страна, нормално е и никој не може да ви забрани да си ја барате среќата таму каде што вие сте одбрале да ја барате. Сепак, кога ќе видиме дека има држави што бараат да им се доселат луѓе, ќе видиме дека оваа дебата е беспредметна. Онаму каде што е добро, добро е за сите, таму каде што има криза, ја чувствуваат сите, без разлика од каде доаѓаат.
Според истражувањата на Галуп, 600-700 милиони луѓе годишно сакаат да ги напуштат државите во кои живеат. Тоа е една десеттина од светското население, кое има желба да живее во државата во која не е родено. Интересно е да видиме кои се најпосакуваните дестинации во светот. И покрај огромната криза што го зафати светот во изминатите неколку години и размислувањата на многу аналитичари дека капитализмот како таков ќе го снема и дека една модерна империја како САД ќе доживее крах од кој нема да закрепне, 23% од луѓето што сакаат да мигрираат ги избираат САД како нивна омилена дестинација. Со по 7% на второ место се Канада и Велика Британија. Сто и педесет милиони луѓе би ги избрале САД како омилена дестинација или доколку ја вклучиме и Канада ќе дојдеме до бројката од 200 милиони жители. Впрочем, оваа вест не е никаква новина, речиси секој од нас, директно или индиректно, познава неколку луѓе што во моментов се наоѓаат трајно или привремено на северноамериканскиот континент. Значи, доколку САД се толку многу лоша држава, зошто луѓето сакаат да се иселат таму? Без дилема во САД не течат мед и млеко. Всушност, оваа земја има огромна стапка на сиромаштија од 15%, што е исклучително висока бројка за толку развиена економија. Значи, реално гледано, шансите луѓето да успеат во САД не се баш големи. Но, од друга страна, оваа земја нуди нешто што треба да биде поука за сите други земји, а тоа е правото на успех или неуспех. Во еден нов документарец на HBO за миграцијата во САД, се зборува за ова право како најголема причина поради која луѓето решаваат да дојдат во земјата на можностите. Впрочем, како што кажа во ток-шоуто Еден на еден, Кристијан Даниловски (човекот што стои зад FX3X, фирмата што работи на визуелни ефекти во Холивуд), во Америка постојат само три критериуми за тоа колку вредите, а тоа се цена, квалитет и рокови. Се друго во основа е ирелеватно. Оваа земја ги дала најголемите претприемачи и покрај тоа што никој од нив не бил роден таму. Впрочем, многу мал број луѓе може да се наречат староседелци во САД, сите се од некаде дојдени. Сепак, системот стотици години е поставен на таков начин што не поставува никави неприродни бариери или услови во вашата потрага по остварувањето на вашиот сон. Другата страна на парата е дека во такви услови, кога нема никој да се грижи за вас, доколку не успеете, може да биде многу тешко за преживување, државата не може да застане зад вас. Некој можеби ова би го нарекол суров капитализам, и тоа може да речеме дека е точно, но сепак тоа ја движи оваа држава. И веројатно кога некој ќе се реши да оди таму, треба да знае дека државата е поставена на таков начин и не се грижи многу за некој што од разни причини нема да успее. Америка е држава во која го има најдоброто и најлошото во светот. Сепак, токму таа можност да немаш бариери е можеби најдобрата работа што треба да се преземе и да се постави како стандард и во други држави. Таквата политика има свои нуспојави, но од некаде мора да се почне. Во меѓувреме продолжуваме да ја чекаме онаа 1,5 милијарда од нашиот најголем извозен производ - луѓето. Милан Димитриоски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.