18 Декември, 2025
0.0496

ЗЕМЈАВА СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ: Светска банка наброја што ја „кочи“ Македонија

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2024 16:21

Добивај вести на Viber

Според Светска банка, Македонија и годинава ќе има најмал економски раст во регионот. 

Наместо очекуваните 2,5 проценти кои ги прогнозираше Светската банка во пролетната проекција, државава ќе ја заврши годината со економски раст од само 1,8 отсто. Според најниовиот извештај на Светска банка за Западен Балкан, а Македонија ќе ја заврши годината со фискален дефицит од 4,9 проценти, просечна стапка на инфлација од 3,5 проценти и јавен долг од 63.5 отсто. Како главни причини за нискиот економски раст во земјава во извештајот се набројани растот на цените, бавното темпо на реализиација на јавните инвестиции, миграцијата, економската рецесија кај главниот трговски партнер на земјава Германија, но и воените конфликити во Украина и на Блискиот Исток.

Позитивен имплус во македонската економија би можел да донесе Планот за раст на Европската унија, а заемот од Унгарија, иако од Светската банка го оценуваат како доста поволен, сепак додаваат дека ќе го зголеми јавниот долг во иднина.

Најдобра економска состојба во регинот имаат Србија и Косово, кои ќе ја завршат годинава со раст од 3,8 проценти. Зад нив е Црна Гора со проектиран раст од 3,4 отсто, Албанија со 3,3 проценти, а Босна и Херцеговина ќе ја заврши годината со раст од 2,8 проценти.

Оваа пролет, Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) прогнозираше раст од 2.7 отсто за Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа