22 Ноември, 2024
0.0336

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ ЖАЛАТ: Поради климатските промени страдаат раноградинарските култури во струмичко

Објавено во: Агробизнис 07 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Од година во година има сѐ понеповолни временски услови, кои нанесуваат штети и доведуваат до помал род на раноградинарските култури.

Овој проблем на своја кожа го чувствуваат земјоделците од струмичко, крај кој е познат по земјоделството. Ристо Велков од Синдикатот на земјоделците од струмичкиот регион, човек кој се занимава со земјоделство повеќе од 30 години, вели дека секоја година е сѐ полоша. Имаат помал род на засадените површини, а дополнително се намалуваат и површините кои се обработуваат.

„Има за 30 до 40 отсто помал род кај раноградинарските култури, односно зелката, доматот, краставицата. Порано се знаеше дека штом ќе дојде месец март, има убаво време, а сега во април имаше температури до -2 степени. За раноградинарските култури потребни се дневни температури од 25 до 30 степени, а ноќните од 15 до 20, или оптимална температура од 17 степени“, вели Велков.

Борче Јанев, претседател на Здружението на земјоделци Проагро фармери од Струмица вели дека најтазе им е примерот со пролетната зелка, која годинава имаше добра цена, но родот е намален. Се бараше килограм повеќе.

„Последен пример е со зелката, од која набравме за 30 отсто помалку за разлика од претходните години. Влијанието на климатските промени е доста изразено. Тоа топло – ладно време се одрази на родот на зелката, а за другите култури ќе биде полесно затоа што понатаму имаме топло време“, рече Јанев.

Агрономот Иван Зафировски објаснува дека цената на глобалното затоплување ќе ја платиме сите, со тоа што земјоделското производство ќе биде помало, и неисплатливо со постоечките цени. Очекува дека годините кои доаѓаат ќе бидат полоши.

„Тие скокови во температури од 7 на 28 степени се опасни, затоа што раноградинарските култури се нежни. Се знае колку треба да изнесуваат просечните пролетни температури за да едно растение се развива нормално, 22 или 23 степени“, рече Зафировски.

Агрономот додава дека не се погодени само полјоделските култури, туку и житариците.

Инаку, пролетната зелка од струмичко трговците најчесто ја пласираат на пазарите во Србија, Хрватска,Романија и Украина. 

Сања Атанасовска

foto freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку

МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИЛА ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА – се сади се помалку и помалку