04 Мај, 2024
0.0256

Земјоделци самоубијци, затвор за Фејсбук, мајмуни во воз; Е ова го има само во Индија!

Објавено во: Стил 06 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Големиот раст на населението во Индија и брзиот економски расвој се приказна на овој век. Но, со овој огромен раст доаѓаат и сите видови на големи предизвици поврзани со бирократија, криминал, култура, трговија, како и социјалните проблеми. Редовно се слушаат вести за масивни исклучувања,  лажни посмртници и самоубиства на замјоделците. Другите приказни пак се поврзани со незамисливи богатства и луксуз. Еве 17 работи кои ги има само во Индија!  1.Милијардерите градат цели облакодери и живеат сами како во свој дом! Индискиот милијардер Мукеш Амбани изгради облакодер со површина од речиси 38 илјади квадратни метри, 27 спрата на оваат зграда наречена Антила која се проценува на 1 билион долари. Во неа живеат само неговото семејство и послугата. 2. Само во Индија милионерите трошат по десетици милиони долари за свадби! Свадбите се голем пазар во Индија од околу 11 билиони долари и богатите Индијци не само што трошат пари за храна и за превоз на гостите туку и за скапи покани и подароци за оние кои се појавиле на нивната свадба.   3.Милиони тони жито гние во складовите додека илјадници умираат од неухранетост! Околу 6 милиони тони жито во Индија, вредно  1,5 билиони долари, може да изгние, додека 43 отсто од децата на возраст под пет години се недоволно ухранети, а  3.000 деца умираат од болести поврзани со неухранетост секој ден. 4.Стотици илјадници земјоделци извршуваат самоубиство! Земјоделците кои имаат големи долгови се почесто се решаваат за самоубиство, покажзале податоците од  1995 година па наваму. Над 250 илјади земјоделци, оттогаш се наведува дека извршиле самоубиство. Многумина ги обвинуваат странските компании како Монсанто кои на земјоделцитете им  продаваат прескапи семиња, а кои се принудени да купуваат од нив од страна на  Владата. Ниската цена на производството, заедно со слабите жетви често предизвикуваше земјоделците да посегнат  по своите сопствени животи, како единствен излез од нивните огромни долгови. 5.Родителите намерно предизвикаат труднички контракции за да се роди бебето на одредена дата! Суеверните родители во Индија се познати по својот план да се одреди точниот датум кога едно бебе треба да биде родено, па им предизвикуваат контракции на бремените жени бидејќи сметаат дека така детето, според дел од Хиндусите, ќе има подобар живот ако се роди во точно  одредено време. 6.Шумски службеници се овластени да пукаат за да ги убијат ловокрадците! Шумските службеници  во западната држава Махараштра се овластени да пукаат и убијат ловокрадците кои ги виделе без страв од прогон. Ловокрадството досега има загрозено многу видови до истребување и се заканува на многу други животни. 7.Анти-бирократските активисти  редовно се префрлаат од едно на друго работно место - бидејќи никој не ги сака наоколу! Индија има најлоша бирократијата во Азија, покажува еден од извештаите во Хонг Конг за политичките и економски ризици. Една нова анкета на КПМГ покажа дека 71 отсто сметаат измамата е "неизбежен трошок  за водење бизнис во земјата." Луѓето дури и се соочуваат со бирократијата за добивање на основен медицински третман. Еден активист против ваквата бирикратија биле префрлен 43 пати, од едно на друго работно место , затоа што луѓето не го сакале во близина.  8. Луѓе се прогласени за мртви и тогаш кога всушност тие се живи! Сантош Кумар Синг се борел цели  девет години за да докаже дека е жив. Неговите браќа го прогласиле за мртов и ја украле неговата  земја откако тој се оженил со жена од пониската каста. Лажните посмртници често се издадаваат во Индија! 9.Чили-пиперчето се користи како оружје! Индиската армија одлучи да го вклучи најлутото  чили пиперче во светот, "Bhut Jolokia" или Духот на чили, како оружје во својот арсенал. 10.Луѓе се апсат затоа што ставиле LIKE na статус на Фејсбук! Една жена со име Шахин Дада ставила негативен статус на Фејсбук по смртта на политичарот Бал Такери, познат по користење на различни форми на заплашување за остварување на своите политички цели. Нејзината другарка го лајк-нала статусот. И двете се уапсени за своите постапки и за „инцидентот“ што пак предизвика бес во врска со недостатокот на слободата на говорот во Индија. 11.Термитите се гостат со пари! Термититеизеле  преку 10 милиони рупии ($ 222,000) покажале податоците на Државната банка на Индија само минатата година.  12.Мајмуни обезбедувачи се најмени да ги задржат другите мајмуни надвор од јавниот превоз! Индија Делхи Метро ангажираше мајмуни  за да ги бркаат останатите мајмуни надвор од возови низ градот. Мајмуните обезбедувачи исто така се користат во Парламентот, а и во некои владини згради да ги плашат дивите мајмуни.  13.Инвеститорите рекламираат згради само за „Брамините“! Иако е нелегално да се дискриминира врз основа на каста, религија или пол, програмерите и агентите често рекламирате станови за изнајмување / продажба само за одредени одредени верски групи или касти. 14.„Bootleggersги измешаа светските брендови! Во овие продавници на пример се продаваат влечки од марката Најк-Пума.  15.Луѓето ставаат слики на божества при градење на ѕидови за да се спречи јавното мокрење! Речиси 50 отсто од населението во Индија нема  тоалет дома, па ова е огромен проблем во државата. Како што пишува еден Рахул Тандом од БиБиСи, во индија луѓето ставаат слики на индиските божества да се спречат луѓето да мократ на нивните ѕидови. 16. Десетици илјади деца се вработени во незаконските рудници за јаглен! Се верува дека над 70,000 деца рудари нелегално работат во рудниците за јаглен. Родителите често ги праќаат своите деца во овој рударски дел на Индија наместо на училиште, бидејќи така и тие стануваат извор на приход. 17. Со едно копче и прекин на мрежата, половина милијарда луѓе остануваат без струја! Во јули Индија се соочува со масовни моќ прекини, во кои по  600 милиони луѓе остануваат без струја. Некои земјоделски држави беа обвинети за надминување на квотата за струја доделена на нив за време на слабаата зезона на монсуните. Но, Индија многу шесто се соочува со прекин на струјата, а во многу случаи се обвинува дека зад ова стојат корумпираните власти.