02 Декември, 2024
0.0242

Земјоделците конечно ќе знаат кој продава пиперки, кој купува домати!

Објавено во: Агробизнис 14 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Владата ќе воведе посебен систем за испитување на домашните и странските пазари, каде што земјоделците и агробиснисмените ги нудат своите производи. Планот е на тој начин земјоделците, преработувачите и трговците, да добиваат точни информации што, како и каде, на кој пазар се продава или ќе се продава во идниот период, и согласно на тие инфрмации ќе одлучуваат што, како и кога треба да се произведе во областа на земјоделството, односно во преработувачката индустрија, и каде тоа да се продаде за да се обезбеди профит на сите учесници на пазарот. Според проценките на Владата ваквиот систем треба да овозможи нивна поголема профитабилност и продуктивност. - Редовното функционирање на Пазарниот информативен систем (ЗПИС) во состав на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, кој репортира за цените и продадените количини на најбитните земјоделски производи, ќе биде надградено со јакнење на капацитетот на репортерите за собирање, контрола на квалитетот и веродостојноста на пазарните информации и нивно поврзување со независните системи за воведување на пазарни стандарди и класирање на производите. Со тоа ќе се обезбедат повеќе корисни информации и предвидувања за пазарните движења особено за странските пазари кои ја одредуваат цената на клучните земјоделски производи, и така добиените информации редовно ќе се доставуваат до земјоделците во вид на редовни билтени, изјави владиниот портпарол Александар Ѓоргиев. Со Програмата за финасиска поддршка на земјоделството за 2013, ќе бидат предвидени и средства за финансиска поддршка на системот за обезбедување пазарни информации, односно за поддршка на подсекторските групи, кои се веќе формирани и составени од претставници од примарното производство и преработувачката индустрија, како и претставници на науката и образованието, и се однесуваат на стратешките производи - месо, млеко, жито, овошје, зеленчук, тутун, вино и слично. Групите ќе треба во директен контакт да овозможат размена на пазарни информации во насока на договарање на производството и пласманот на земјоделските производи. Со ваквите мерки бенефит ќе имаат земјоделците, преработувачите и трговците, кои ќе можат да се коориднираат, ќе го планираат производството, а со тоа ќе има помала загуба во производство или во пласман, и ќе се помогне во надоместување на недостатоците на потреби. Тие ќе имаат и увид во светските движења и потреби на странски земји, со што ќе можат да го подобрат и извозот и да остварат приходи и девизиен прилив. Во системот е предвидено да биде вклучена и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, која што ќе треба да обезбеди квалитетни пазарни сознанија за земјоделците за најмалку пет стратешки производи клучни за Македонија, а врз основа на направени анализи за секој производ поединечно, и на база на идентификуваните потреби, да изготви дополнување на советодавните пакети, пред се во сферата на пласманот. Агенцијата е должна да обезбеди информации за пазарите на кои може да се продаваат нашите земјоделски производи по подобри цени. Владата ја задолжи и Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот, во насока на обезбедување квалитетни информации за надворешните извозни пазари, најдоцна до 20 ноември да направи анализа со цел да се утврди за кој конкурентен земјоделски производ и на кое ниво се задоволени потребите за квалитетни пазарни информации, а каде е потребно подобрување на достапноста на поголеми познавања. Оваа Агенција дотогаш треба да направи и анализа за пазарните потенцијали и движења, особено за перспективните, недоволно застапени светски пазари на кои може да се продаваат македонски производи и за кои е потребно да предложи план на активности за подобрување на состојбата. Во следниот период Владата и МЗШВ ќе вршат едукација и поддршка на засегнатите страни во функција на воспоставување систем за квалитет на земјоделските производи врз основа на Законот за квалитет на земјоделските производи. Ова особено се однесува на производителите на млеко и месо за сигурен пласман на нивните производи и нивна профитабилност.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.