Земјотрес во Албанија: Еве во кои градови се почувствува и во Македонија
Објавено во: Балкан 01 Јуни, 2019
Во јужниот дел на Албанија, во близина на градот Корча се случија неколку
последователни земјотреси.
Жителите на Охрид, Струга, Поградец и Ресен утрово
ги разбуди потресот од земјотресот со интезнитет од 4.9 степени според Рихтер кој
беше регистриран на 18 километри јужно од Корча.
Земјотресот се случи во 06 часот и 26 минути.
Само седум минути по првиот земјотрес се случил и вториот потрес со
интензитет од 5 степени.
Сеуште нема информации дали има последици од потресите
Фото www.emsc-csem.org