28 Март, 2024
0.0260

Жена на жена ѝ е волчица

Објавено во: Стил 25 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Го знаете она дека зад секој успешен маж стои жена која го поддржува, нели? Го знаете и она дека зад секоја успешна жена стои мајка и’ или свекрвата (ако имале среќа да се погодат) кои и’ ги чуваат децата, така? Е, денес малку ќе позборуваме за еден друг феномен со кој се соочувам низ животот, а богами се’ почесто во последно време. Тоа е она дека зад секоја успешна жена која згора на се’ ја има таа (не)среќа да биде и згодна и убава, стои друга жена која ја омаловажува и оговара. Феномен кој мене и ден денес ми е загатка и полн нејаснотии.

Историски гледано, жената отсекогаш била ставена на маргините на општеството. Нејзината главна улога била сопруга, мајка и домаќинка. Целосната нејзина посветеност на мажот и семејството било најголемото нејзино достигнување. За среќа, нештата почнаа да се менуваат. Првичната реакција на мажите била скепса и потиснување на нејзиниот прогрес во општеството. Го паметите она дека на жената местото и’ е во Домот, но и во Сенатот? Денешната жена веќе се има изборено за своите права и за место рамо до рамо со мажот во сите сфери. Мажите некако и успешно ја прифатија новата улога на довчерашната домаќинка, која станува деловна жена со актовка в рака и која финансиски рамноправно учествува во полнење на семејниот буџет.

Она што останува како голем проблем е тоа дека жените не простуваат успех на друга жена. Проклетството на убавите жени кои се успешни во својата сфера на работење е дека често пати нивниот успех е ставан под знак прашалник. Вицеви за секретарки кои се во скутот на директорот се прераскажувани надолго и нашироко. Аман! Отсекогаш ми биле не само невкусни, туку и полни злоба и дегутантност. А што правиме ако директорот е уствари директорка? Или по дифолт мора да е маж за да се потенцира поентата дека секретарките се бирани по изглед?!

Целата колумна на Ана Бунтеска читајте ја на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи