28 Март, 2024
0.0242

ЖЕНАТА ПОКРАЈ СЕБЕ САКА ДА ИМА ПАРТНЕР КОЈ ЌЕ И БИДЕ ПОТПОРА ВО СЕКОЈА СМИСЛА - Билјана Дебарлиева никогаш поискрена

Објавено во: Стил 11 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Дека убавината е апсолутна - тоа е факт, без оглед на преовладувачкото мислење за нејзиниот релативитет. Како било, македонската, женска убавина не може да се оспори, како што не може да ѝ се одолее.

Не можеме да не ја споменеме и овој пат врската меѓу надворешниот изглед, т.е. убавината и онаа што извира однатре, која несомнено ја комплетира, целесообразува и, секако, ја истакнува дополнително, уште повеќе. Духовниот живот или поточно свеста, умствената дејност, вклучително и мудроста и таинственоста - битните карактеристики на жените за кои е согласна и денешната избраничка, учесничката во симултаниот разговор, придонесуваат за неодоливоста чија придавка „македонска“ се подразбира, често и сама по себе. 

Истото важи несомнено и за телевизиската водителка, презентерката Билјана Дебарлиева чија професионалност врзана со безмалку тридецениската кариера е достојна за почит, респект, уважување. Досега работела на проекти, емисии со различна тематика, но денес ја гледаме на утринските вести на Канал 5, слушајќи го нејзиниот милозвучен, радиофоничен глас. Кога се пасиите, страстите во прашање, Б. Д. чита многу, сака да патува, да истражува, открива нови места. Ѝ се восхитува на природата, околината генерално, вклучувајќи го и о(п)кружувањето чија позитивност ѝ е исто така особено важна, битна во комуницирањето. Едноставно сака добри луѓе. Во брак со Јован е дваесет и седум и пол години, со кого има две деца - ќерката Ана (27 год.) и синот Мики (17 г.). Нејзините размислувања околу машко-женските односи се интересни, занимливи. На прашањата од симултанката одговори егзактно, кусо и содржајно.   

СИМУЛТАНКА

* Според Вас, што е пандан или еквивалент на женската убавина? Машкото срце? Или, можеби, неговиот шарм?

Б. Д.: Убавината доаѓа од окото на набљудувачот што значи дека не сите подеднакво ги вреднуваме истите работи. На некого една работа му е убава, а на друг помалку убава или целосно непривлечна. Сите знаеме што значи кога некој поседува внатрешна убавина. Постојат личности кои едноставно сјаат и во чија близина секогаш сакаме да бидеме. Затоа би рекла, и машкото срце и неговиот шарм ги ставам во истиот ранг.

* А, кои машки атрибути Ви се најпривлечни? Физичките (телесните), умствените? На што не можете да одолеете?

Б. Д.: Првиот впечаток што една личност ќе го остави на вас е најважен, а потоа низ разговор ги согледувате и останатите квалитети, позитивни или евентуално негативни карактеристики. Во секој случај, мислам дека шармот, насмевката, позитивниот став, убавите, културни манири и однесувањето е она што кај мене остава најсилен впечаток. 

Повеќе детали на Машки магазин

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи