23 Ноември, 2024
0.2717

Жената родена во овој знак многу тешко ќе ја пронајде својата сродна душа

Објавено во: Општо 16 Август, 2016

Добивај вести на Viber


Според астролозите, хороскопот може да открие многу аспекти од нашата личност. Тој може многу да открие за љубовта, бракот, но и пронаоѓањето на партнерот. Додека некои луѓе сметаат дека тоа е нешто за што не треба да се грижат премногу, други тешко го наоѓаат тоа што мислат дека ќе им одговара.

Но, еден хороскопски знак има толку изразени критериуми кои често доведуваат до осаменост на оваа жена. Тоа е жената Јарец.

Нејзиниот став кон животот е реален. Таа сака стабилност и ги цени оние луѓе кои имаат одредени вредности кои се во склоп на нејзините уверувања. Жената Јарец не сака да губи време во животот на безначајни и безвредни ситуации. Таа ги презира сонувањето и фантазирањето, бидејќи е голем реалист.

Жената родена во овој знак точно може да го процени текот на одредени случувања и е одличен организатор. Во животот, како и во работата, таа не сака да привлекува големо внимание на било кој начин. Таа е дискретна, но вредна како мравка. Но, осаменоста е нејзино уточиште. Таа одлучува да живее сама и некако секогаш на страна. Не можеме да кажеме дека е голем оптимист, бидејќи животот го сфаќа многу сериозно.

Жената Јарец не очекува премногу радост и среќа од својот партнер, таа не верува во чуда. Кога станува збор за задоволството, таа не го прифаќа како обврска, туку како вистински подарок. Таа ретко доживува голема и искрена љубов.

Кога сака или кога ќе одлучи да признае дека сака, таа тоа го прави по долгото познанство со една личност. За неа, љубовта доаѓа ретко и бавно. Кога ќе одлучи да го направи важниот чекор, тоа за неа обично е за цел живот. Нејзиниот партнер мора да биде особено трпелив.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.