ЗЕНЕЉИ СЕ ОПРАВДА: За пензискиот скандал директорот не чувствувал вина, Шекеринска и Османи во клинч
Објавено во: Економија 30 Јануари, 2019 06:40
Одамна е познато дека во Македонија ретко се понесува одговорност барем од страна на функционери кога ќе се открие некој скандал или криминални дејствија.
Така и за последниот случај никој не чувствува лична одговорност па ниту ни директорот на ПИОМ Шаип Зенељи.
Зенељи убедува дека парите не се украдени туку се користеле за исплата на пензии а долгот ќе им биде вратен на осигурениците а причина за овој проблем тој ги наведува обемните административни процедури и честите законски измени.
Пресметките на министерството за труд и социјална политика покажуваат дека на сметките на секој осигуреник ќе треба да бидат префрлени по околу 400 000 денари.
2009 и 2010 се годините кога настанал најголемиот проблем.
Овој скандал ги извади на површина различните мислења на вицепремиерот Бујар Османи и министерката за одбрана Радмила Шекеринска .
Османи застана во одбра на директорите и според него немало злоупотреба на парите од Фондот на ПИОМ, додека пак Шекеринска е убедена дека злоупотреба имало и таа мора да се истражи.
Колку за потсетување за време на директорувањето на директорите од ДУ не им биле префрлани пари во вториот столб на 12 илјади вработени, со што им била нанесена штета од 19 милиони евра.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




